Зеленски пред светските лидери во Давос: Иако не ја почнавме војната, ние ќе ја завршиме

January 18, 2023
1 min read

Ќе ја завршиме војната. Украина е силна и одлучна, рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски од Киев се обрати пред светските лидери собрани на Светскиот економски форум. Тој повтори дека Украина ќе победи, иако таа не ја започна војната.

„Ќе ја завршиме војната“,

рече украинскиот лидер.

ФОТО: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Тој додаде дека Украина е силна и одлучна, повторувајќи го своето барање до сојузниците да продолжат да ја снабдуваат неговата војска со воена помош. Тој побара од нив да ја зголемат „брзината на одлучување“ во врска со ваквите испораки на оружје.

„Времето што слободниот свет го користи за размислување, терористичката земја го користи за да убива“,

нагласи тој.

Тој тврди дека испораката на системот за противвоздушна одбрана ќе им овозможи на украинските сили да се спротивстават на руските ракетни напади.

Зеленски ја коментираше и позицијата на Русија во светот, нагласувајќи дека не е сигурен што ќе се случи во иднина.

„Мислам дека Русија веќе го заслужи своето место меѓу терористите и повеќе не зависи од нејзиното раководство“,

рече тој.

Зеленски истакна дека неговата земја инсистира Москва да го „почитува територијалниот интегритет на Украина“. На прашањето дали е загрижен за својата безбедност, тој одговори дека не е. Тој се осврна и на хеликоптерската несреќа кај Киев, велејќи дека „нема несреќи во војна“.

„Ова не е несреќа бидејќи е предизвикано од војна, а војната има многу димензии. Во војна нема несреќи“,

додаде тој.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јовица Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкции

Следно

СТОЛТЕНБЕРГ ОД ДАВОС: Ако утре сакаме мирно решение со преговори со Русија, денеска мора да испратиме повеќе оружје во Украина

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop