Јапонскиот премиер ја посети Буча

March 21, 2023
1 min read

Кишида е првиот шеф на јапонска влада по Втората светска војна кој посетил воена зона. Неговата посета се совпаѓа со престојот на кинескиот претседател Си Ѓинпинг во Москва

Јапонскиот премиер Фумио Кишида во рамки на својата историска посета на Украина денеска го посети Буча, гратчето недалеку од Киев, кое стана симбол на злосторствата на руската окупација.

Кишида пристигна во Буча со воз рано попладне, веднаш по пристигнувањето во Киев, а пред средбата со претседателот Володимир Зеленски. Киев смета дека неговото доаѓање во земјата за време на војната е историско. Кишида е единствениот лидер на земја од групата Г7 кој досега не бил во Киев.

„Оваа историска посета е знак на солидарност и силна соработка меѓу Украина и Јапонија. Благодарни сме на Јапонија за нејзината силна поддршка и придонес за нашата идна победа“,

напиша заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емине Дјепар на Фејсбук.

Кишида е првиот шеф на јапонска влада по Втората светска војна кој посетил воена зона. Неговата посета се совпаѓа со престојот на кинескиот претседател Си Ѓинпинг во Москва.

Како одговор на пристигнувањето на јапонскиот премиер во Киев, руското Министерство за одбрана соопшти дека два руски стратешки бомбардери летале над Јапонското Море седум часа.

Кишида се среќава со Зеленски за да ја изрази својата „почит кон храброста и истрајноста на луѓето кои ја бранат својата татковина под негова команда, како и непоколебливата поддршка и солидарност на Јапонија и групата Г7“.

Јапонија е исто така домаќин на самитот на Г7 во Хирошима во мај. Земјата континуирано ја поддржува Украина и воведува санкции кон Русија, но не испраќа воена помош бидејќи јапонскиот пацифистички устав ги ограничува воените капацитети на земјата само на самоодбрана.

Фото: EPA-EFE/Ministry of Foreign Affairs of Ukraine

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Видео од тунелот во „Идризово“: Бил долг 40 метри, го копале осудени на доживотен затвор

Следно

Седлоски повеќе не е тренер на Шкупи

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop