По две години, Трамп се врати на Фејсбук и на Инстаграм

February 10, 2023
1 min read

Компанијата Мета, во чија сопственост се овие социјални мрежи, неодамна соопшти дека Трамп ќе може повторно да ги користи неговите профили на Фејсбук и на Инстаграм по двегодишната забрана, но со нови заштитни мерки кои би спречиле повторно прекршување на правилата на социјалните мрежи

Профилите на Фејсбук и на Инстаграм на експретседателот на САД, Доналд Трамп, се повторно обновени откако беа суспендирани пред точно две години поради немирите во Капитол Хил на 6 јануари 2021 година.

Компанијата Мета, во чија сопственост се овие социјални мрежи, неодамна соопшти дека Трамп ќе може повторно да ги користи неговите профили на Фејсбук и на Инстаграм по двегодишната забрана, но со нови заштитни мерки кои би спречиле повторно прекршување на правилата на социјалните мрежи.

„Во случај господинот Трамп да објави содржина што ги прекршува стандардите на заедницата, но доколку според нашата политика за објавување процениме дека постои јавен интерес да се знае дека господинот Трамп ја дал изјавата, можеме да ја ограничиме дистрибуцијата на таквите објави, но да ги оставиме видливи на неговиот профил“,

порачаа од компанијата Мета.

Од компанијата додадоа дека со оглед на неговите претходни прекршувања на политиката на овие медиуми, Трамп сега се соочува со зголемени казни за евентуалното повторување на прекршоците – казни кои ќе се применуваат и за други јавни личности чии профили на Фејсбук и на Инстаграм се вратени по суспензии.

Во случај поранешниот американски претседател да објави дополнително несоодветна содржина, компанијата најави дека таа ќе биде отстранета, а неговиот профил ќе биде суспендиран во временски интервал од еден месец до две години, во зависност од тежината на прекршокот.

Обновувањето на профилите на овие социјални мрежи може да му даде поттик на Трамп, кој во ноември објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во САД во 2024 година. Тој има 34 милиони следбеници на Фејсбук и 23 милиони на Инстаграм – платформи кои се клучни средства за политичко доближување.

Твитер, пак, го врати профилот на Трамп во ноември минатата година, но оттогаш тој не објавил на платформата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Две сестри спасени од под урнатините 101 час по земјотресите во Туркије

Следно

Извештај на МВР на Романија: Во случај на голем земјотрес 350.000 згради ќе бидат оштетени, а 45.000 луѓе ќе бидат повредени или загинати

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop