Израел приведе 27 Палестинци во Западниот Брег

1 min read

РАМАЛА (АА) – Силите на израелската Армија приведоа 27 Палестинци низ окупираниот Западен Брег, според локалната невладина организација, пренесува Анадолу.

Невладината организација на Палестинското здружение на затвореници соопшти дека 15 од овие лице биле приведени во бегалскиот камп Ал Фавар во градот Хеброн.

Невладината организација процени дека 950 Палестинци биле приведени од страна на израелската Армија од почетокот на оваа година.

Израелската Армија често спроведува широки кампањи за приведување низ окупираниот Западен Брег и Источен Кудс под изговор дека трага по „барани“ Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Ердоган: „Туркије ги мобилизираше сите свои ресурси за 11 области погодени од земјотресите“

Следно

Градинката „Орце Николов“ доби нов објект за уште 100 деца

Latest from Blog