Израел нападна предградие на Бејрут

October 22, 2024
1 min read

Во текот на ноќта и утринава израелската армија изврши повеќе од десет напади врз јужните предградија на Бејрут, обвинувајќи го Хезболах дека складирал милиони долари во бункер под една од најголемите болници во Либан.

Нападите се случија откако портпаролот на ИДФ на арапски јазик, потполковник Авичај Адре, нареди евакуација на неколку згради во јужните предградија на Бејрут, предупредувајќи ги граѓаните дека се „во близина на објекти на Хезболах, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска вчера објави дека ќе продолжи со напади врз цели на Хезболах, фокусирајќи се на нивната финансиска инфраструктура.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, рече дека се проценува оти бункерот под болницата Ал-Сахел содржи „неколку милијарди долари во банкноти и злато“.

Тој изјави дека Израел нема да ја нападне самата болница, бидејќи е во војна со Хезболах, а не со либанскиот народ. Сепак, болницата соопшти дека ги евакуира своите пациенти на побезбедна локација, додека директорот Фади Аламех ги негираше обвинувањата на ИДФ.

Аламех за локалната телевизија Ал-Џадед изјави дека болницата, која е во областа 42 години, има подземни хируршки капацитети и нема врски со Хезболах или со која било друга политичка групација. Министерството за здравство ги негираше тврдењата на ИДФ дека Хезболах чува пари под болницата.

Здравствени извори претходно соопштија дека најмалку четири лица загинале, меѓу кои и едно дете, додека 24 лица се повредени во израелскиот напад на Бејрут, и дека Универзитетската болница Рафик Харири, најголемата јавна болница во Либан, претрпела голема штета од експлозијата. Либанската болница Сахел во јужните предградија на Бејрут беше евакуирана откако Израел соопшти дека под неа се наоѓа бункер на Хезболах.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хаос на онкологија: Биолошка терапија само за една четвртина пациенти

Следно

Во четврток посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Фон дер Лајен

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop