Хаос на онкологија: Биолошка терапија само за една четвртина пациенти

October 22, 2024
1 min read

Само 24 проценти од пациентите примаат биолошка терапија во дневната болница на Клиниката за онколологија – констатира Државниот ревизор во извештајот за 2023 година.

Клиниката лани почнала да користи протоколи за биолошката терапија, ама тие не биле  одобрени од Министерството за здравство. Дополнително и  парите што се одобрени да се набави оваа терапија, не се доволни за сите пациенти.

– Во текот на 2023 година изготвени се и се применуваат повеќе протоколи, односно упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, но сè уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата, односно одобрените средства се доволни за приклучување на само 24 проценти од пациентите кои примаат терапија во дневна болница. – ДЗР.

Иако на Клиниката постои систем за централна подготовка на цитостатици со КАТО лиценца, тој не е ставен во употреба откако е набавен  во 2013 година. Тој никогаш не профункционирал бидејќи според надлежните бил делумно опремен, без доволно компоненти, а и просторот не бил адаптиран за стерилно работење. Дополнително, Клиниката нема доволно фармацевти за работа со системот, ниту пари за потрошен материјал. 

Со извршената ревизија за 2023 година утврдени се неправилности и во  залихите. Лани Клиниката примила лекови во вредност од 33 милиони денари по основ на донации, но овие податоци не биле внесени во финансиската евиденција. Проблем е и недостатокот на медицински кадар. просечно еден специјалист извршил над 5 илјади прегледи годишно. На клиниката функционални се три линеарни акцелератори со кои се даваат услуги во просек од 180 до 200 пациенти дневно. Иако има уште два линеарни акцелератори тие никогаш  не се ставени во употреба.

– За акцелераторот набавен во 2014 година, чија вкупна вредност е 2.900 илјади денари, во тек се активности кои се предуслов за ставање во употреба, при што се очекува истиот да биде функционален до крајот на 2024 година.Другиот акцелератор, добиен по пат на донација во 2016 година, чија вкупна вредност е 1.715 илјади денари, се чува неотпакуван во царинско складиште за што годишно се плаќаат 189 илјади денари. – ДЗР.

Состојбите со прием, складирање и издавање на залихи на лекови се утврдени и во Конечниот ревизорски извештај за 2021 година, за што се уште во тек е постапка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Истанбул започна меѓународниот саем за одбрана САХА Експо 2024

Следно

Израел нападна предградие на Бејрут

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување
Go toTop