Во четврток посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Фон дер Лајен

October 22, 2024
1 min read

Поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четврток Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од СВР Скопје.

Оттаму ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Фон дер Лајен ќе ја посети земјава во рамките на нејзината балканска турнеја, при што ќе посети шест држави. Нејзината прва дестинација е Тирана, каде ќе пристигне утре и каде ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а ќе учествува и на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа. В четврток таа ќе се сретне со албанскиот претседател Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија. По Македонија, ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина, во петок ќе отпатува за Србија а посетата на Западен Балкан ќе ја заврши во сабота со Косово и Црна Гора.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел нападна предградие на Бејрут

Следно

Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Latest from Blog

Релативен мир на Ормутскиот теснец, бродовите полека минуваат- САД чекаат одговор од Иран

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во петокот изјави дека Вашингтон очекува одговор во рок од неколку часа. Но, немаше индикации за напорите на Техеран да се изјасни за предлогот, кој формално
Go toTop