Изложбата „Минливост“ на Тони Попов во Културно-информативниот центар – Скопје

March 28, 2023
1 min read

Изложбата на слики „Минливост“ на Тони Попов вечер, во 19:30 часот, ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје, во Салон Империјал 2 и ќе трае до 13 април.

„Минливост“ е серијал од околу 40 фигуративни слики работени во периодот од 2021 и 2022 година. Сликите се работени во акрилна или маслена техника во различни формати.

Тони Попов е уметник кој твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Автор е на две збирки поезија: „Моето парче небо” (2008) и „Светот е жеден за збор” (2015). Негови песни и раскази се објавени во списанијата „Разгледи”, „Современост”, „Мантис” и друго.

Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Автор е на седум самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Како уметник, бил на резидентен престој во Белгија, Данска и Норвешка. Неговите слики досега се продадени во 17 земји во светот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НОБ ГО ОБНОВИ БАЛЕТОТ „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ ЧИЈА ПРЕМИЕРА БЕШЕ ПРЕД 12 ГОДИНИ

Следно

Полска ќе го интензивира производството на муниција за Украина

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop