Хаг: Хашим Тачи и останатите повторно се изјаснија дека не се виновни по обвинението за воено злосторство

April 3, 2023
1 min read

ХАГ (АА) – На почетокот на судењето за предметот „Тачи и останатите “ во Специјализираните совети на Косово во Хаг, поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, кои беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, повторно се изјаснија за невини по сите точки од обвинението, јавува Анадолу.

Одговарајќи на прашањето на судијата дали го разбира обвинението, кое беше делумно изменето од неговото прво признание за вина, поранешниот политички лидер на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, одговори: „Разбирам. Не сум воопшто виновен.“

Исто така, Тачи ја потврди првата изјава пред судот дека не е виновен по сите точки од обвинението што му се ставаат на товар.

И другите обвинети во предметот „Тачи и останатите“, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, повторно се изјаснија за невини според обвинението.

По изјаснувањата на обвинетите, Специјализираното обвинителство го започна воведното излагање, за што му беа одобрени најмногу пет часа.

Потоа воведниот говор ќе го прочита претставникот на жртвите, кој има на располагање 45 минути.

Понатаму секој од четирите тима од одбраната ќе добие шанса да даде воведна изјава. Нивната презентација е закажана за 4 април.

Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети по десет точки, од кои шест точки ги товарат за злосторства против човештвото, додека во четири точки се обвинети за воени злосторства.

Секој од обвинетите се товари врз основа на индивидуална кривична одговорност во шест точки за злосторства против човештвото: прогон, затвор, други нехумани постапки, мачење, убиства и присилно исчезнување на лица.

Покрај тоа, секој од обвинетите се товари за четири точки од обвинението за воени злосторства незаконско и самоволно приведување и лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиства.

По приведувањето од специјализираниот обвинител, Тачи, Весели, Селими и Красниќи беа донесени во притворот на Специјализираните совети на Косово во Хаг на 4 и 5 ноември 2020 година.

Тачи, кој тогаш беше претседател на Косово, веднаш поднесе оставка од таа функција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бензема е неприкосновен број 1 на Реал

Следно

Тројца скопјани вчера каснати од улични кучиња

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop