Грција одлучи да продолжи со процесот на купување израелски ракети „Спајк НЛОС“

February 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Грција одлучи да продолжи со купување на ракетите „Спајк НЛОС“ од израелско производство, пренесува „Анадолу“.

„Одлуката е донесена на последниот состанок на владиниот Совет за надворешни работи и одбрана, со кој претседаваше премиерот Киријакос Мицотакис“, јави весникот „Катимерини“.

Повикувајќи се на соопштение на Советот, весникот нагласува дека програмата Спајк НЛОС ќе се реализира со потпишување договори „во кои се предвидува зголемено учество на домашната одбранбена индустрија“.

Сепак, се истакнува дека деталите за придонесот на домашната индустрија сè уште не се конкретизирани.

Грција неодамна потпиша повеќе големи договори за оружје, како договор за беспилотни летала од Израел, за авионите „Рафал“ од Франција, како и за надградба на нејзината флота авиони Ф-16 од САД.

Атина, исто така, контактира со Вашингтон за потенцијално купување на најмалку 20 стелт авиони Ф-35.

Туркије континуирано ја предупредува Грција да не се впушта во залудна трка во вооружување, нудејќи наместо тоа, решавање на отворените прашања, оние во Егејот, Источниот Медитеран и Кипар, преку дијалог со добра волја во услови на зголемени тензии меѓу двете земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Бројот на жртви од силните земјотреси се искачи на 14.014

Следно

Општина Аеродром испраќа помош за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop