Графити со антисемитска содржина се бришеа во скопски Карпош

1 min read

Со организирање на заедничка еколошка акција, Општина Карпош и Американската амбасада,  го одбележаа Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27-ми јануари.

Во рамки на овој настан, присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, Амбасадорката на Американската амбасада во Скопје, Ангела Агелер и заменик шефот на мисијата, Ерик Маер. Имено, вработените од локалната самоуправа задолжени за одржување на јавната чистота, заедно со вработените од Американската амбасада, одржаа акција за чистење на плоштадот во населбата Бардовци.

Во оваа пригода, беа отстранети и недоличните графити од ѕидовите со антисемитска содржина, информираа од локалната самоупрва. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Бројот на загинати при превртување на брод во северозападен Пакистан се искачи на 41

Следно

САД во мај ќе прогласат крај на пандемијата на Ковид-19

Latest from Blog