Бројот на загинати при превртување на брод во северозападен Пакистан се искачи на 41

1 min read

КАРАЧИ (АА) – Нуркачите извлекоа уште 9 тела на ученици на медреса од браната во северозападен Пакистан, со што бројот на загинати во бродската несреќа којашто се случи во неделата се искачи на 41, јавува Агенција Анадолија (АА).

Најмалку 57 ученици, од кои повеќето во тинејџерски години, се наоѓаа на бродот кој во неделата се преврте кај браната „Танда“ во областа Кохат во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва.

„Нуркачите извадија уште девет тела денеска, додека операцијата за потрага по други [преживеани или загинати] продолжува“, изјави телефонски за АА портпаролот на полицијата во Кохат, Фазал Наем.

„Нуркачите во неделата успеаја да спасат седум деца, живи“, рече Наем.

Тој, сепак, призна дека шансите за преживување се мали.

„Околу 57 ученици од медресата беа во рекреативна посета и прошетка со брод“, изјави директорот на медресата Шахид Анвар, додавајќи дека неговиот син и внук се меѓу загинатите, објави локалната телевизија „Џео њуз“.

Претходно, властите дадоа контрадикторни бројки за бројот на ученици на бродот. Тие првично пријавија дека на бродот имало 25 ученици, но подоцна ја сменија бројката на 40.

„Потрагата по преостанатите преживеани или загинати продолжува и денес“, додаде тој.

Браната „Танда“ е популарно место за рекреација во Кохат, која секој ден ја посетуваат стотици посетители.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турскиот тим за поларни истражувања замина за Антарктикот

Следно

Графити со антисемитска содржина се бришеа во скопски Карпош

Latest from Blog