Ѓоковиќ го освои рекордниот десетти Австралија опен и се враќа на првото место на АТП листата

1 min read

Со оваа победа Ѓоковиќ го освои по десетти пат во кариерата трофејот на Грен-слем турнирот на Австралија опен

ФОТО: EPA-EFE/James Ross AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Новак Ѓоковиќ е шампион на Австралија опен и од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден.

Во денешното финале во Мелбурн, триесет и петгодишниот српски тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 во натпревар кој траеше два часа и 59 минути. Со оваа победа Ѓоковиќ го освои по десетти пат во кариерата трофејот на Грен-слем турнирот на Австралија опен. Новак со само еден загубен сет стигна до својата 22. Грен-слем титула и се изедначи со Рафаел Надал на првото место на вечната листа.

Со победата, рекордна 28. по ред во Мелбурн, против 11 години помладиот ривал Ѓоковиќ, обезбеди враќање на челната позиција на АТП листата.

Ѓоковиќ го забележа десеттиот последователен триумф против Циципас, односно единаесетти во 13. меѓусебен меч, а втор во финалето на Грен-слем.

Новак со голема поддршка од трибините брилијантно го започна дуелот и откако во вториот гем не успеа да искористи две врзани брејк топки, во четвртиот го одзеде сервисот на противникот за водство од 3:1.

Ѓоковиќ одигра речиси беспрекорно, се функционираше во неговата игра, а тоа го потврдува и фактот што загуби само пет поени на свој сервис во првиот сет.

Во вториот сет грчкиот тенисер го подигна нивото на игра, беше многу посигурен во својот сервис и немаше брејк до десеттиот гем. При резултат 5:4, Циципас првпат се закани на мечот, имаше брејк и сет-поен, но во најважниот момент Новак го одигра најдобриот тенис на радост на бројните српски навивачи.

Вториот сет беше решен во чуден тај-брејк во кој Циципас освои само еден поен на свој сервис. По водството од 4:1, Ѓоковиќ му дозволи на ривалот да се врати и да израмни на 4:4, но следуваше неговата серија од три освоени бода за 2-0.

Грчкиот тенисер по кратка пауза успеа во првиот гем од третиот сет за првпат во мечот да му го одзеде сервисот на противникот.

Во следните десет гема и двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис, па одлуката повторно падна во тај-брејк. Ѓоковиќ поведе со 5:0, Циципас се закани и се врати на 6:5, но Новак ја искористи третата меч топка за историски резултат.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Османи: Вреди да се анализира дали Бугарија навистина сака да се случат уставни измени во С Македонија

Следно

Турција ги предупреди граѓаните на можни дискриминаторски напади во Европа и САД

Latest from Blog