По 22-годишно отсуство: Ипсвич се врати во Премиер лигата

1 min read

Ипсвич Таун ќе игра во Премиер лигата за прв пат од 2002 година. Тимот го обезбеди второто место во конечниот пласман на Чемпионшип, откако во последното коло победи со 2-0 на домашен терен против Хадерсфилд. Тимот на Киран Мекена имаше три бода предност пред Лидс и пред последните натпревари и му требаше бод и тој ќе си ја заврши работата и ќе игра во првата лига.

Ипсвич освои втора промоција по ред, откако минатата година заврши на второто место во Лига 1, „Тракторите“ му се приклучија на Лестер, кој претходно го освои Чемпионшип и обезбеди враќање во Премиер лигата.

Лидс ќе се соочи со Норич во полуфиналето од плеј-офот, додека Саутемптон ќе се судри со Вест Бромвич Албион. Првите натпревари се на 12 мај.

Бирмингем, Хадерсфилд и Ротерам испаднаа во третата лига на англискиот фудбал. (МИА)

Извор: kurir.mk

Претходно

Изјавата на Бајден дека Јапонија е „ксенофобична“ предизвика разочарување во јапонската влада

Следно

Младинските активисти бараат од партиите вистински ангажман за младински политики, а не политички флоскули

Latest from Blog