Гага вода буџет рони

January 13, 2023
5 mins read

Дури две третини од водата која се користи за наводнување на земјоделски површини воопшто не се фактурира поради негрижа за системот. А и таа што се фактурира, се наплаќа по цени и методолигија кои се неодржливи

Државниот завод за ревеизија констатира стотици недостатоци во функционирањето на системите за наводнување, кои не само што прават огромни долгови туку и водат до енормно и нерационално трошење на водните ресурси

Кон крајот на 2019 година, тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, потпиша договор за заем од 107,6 милиони евра од КфВ банката. Најголемиот дел од тие пари, или околу 80 милиони евра, беа наменети за Програмата за наводнување на Северна Македонија. Со Програмата за наводнување ќе обезбедиме да стигне вода до 14 000 хектари посеви, изјави тогаш министерката.

Три години и некој месец подоцна, Државниот завод за ревизија објави извештај на тема „Користење на водите за наводнување“. Кога е во прашање кредиот кој го потпишала Ангеловска, ревизорите заклучуваат дека земјава три години по ред плаќа по 80 000 евра провизии годишно, само затоа што никој не ги повлекува парите од кредитот. Или, за три години, Северна Македонија и платила околу 240 000 евра на КфВ банката не за камати, туку затоа што не ги користиме парите од кредитот.

Има вода, нема пари

Необјаснивото трошење на 80 000 евра годишно на провизии само затоа што кредитот стои на сметка, за жал, е само мал индикатор за општите состојби кога е во прашање управувањето на системот за наводнување во земјава. На државните ревизори им биле потребни дури 69 страници за да ги изложат сите свои наводи и на секоја страница има заклучоци кои се загрижувачки, а некои и вознемирувачки.

Прво и основно, за некоја фирма да функционира, била таа државна или приватна, мора да го наплаќа тоа што го продава/произведува. Генерално, во земјава, сметка за наводнување се прави едвај за една третина од потрошената вода.

„Во најголем дел е запоставено тековното одржување на постојните застарени и делумно нефункционални системи, поради што две третини од земјоделските површини се наводнуваат надвор од системите или не се фактурираат, што влијае на помалку остварени приходи на вршителите на водостопанска дејност и на Буџетот на државата, бидејќи за таквото наводнување не се наплатува воден надомест, ниту надоместок за водно право за наводнување“,

се наведува во извештајот на ДЗР.

Но, не само што две третини од водата „се губи“, туку и таа една третина што се фактурира е вон стандард. На пример, надоместокот за наводнување се наплатува во фиксен износ според пријавената површина и култури, односно не се зема предвид реално потрошената количина на вода, а тоа значи дека повеќе потрошената вода претставува загуба, односно за истата не се наплатуваат приходи.

„Оваа состојба е особено изразена во 2019 и 2021 година кога се потрошени над 451 милиони односно 92 милиони квадратни метри вода над планираното. Со таа вода, сметано според горенаведената норма во двете години би можело да се обезбеди интензивно наводнување на дополнителни 113 илјади хектари, што сметано според најниската цена од 2 илјади денари по хектар, изнесува најмалку 226 милиони денари или околу 3,6 милиони евра изгубени приход“,

потенцирано е во извештајот.

Дополнително, АД „Водостопанство“ во континуитет планира над 7 000 квадратни метри вода по хектар површина, иако нормата за наводнување на културите кои бараат најинтензивно наводнување изнесува 4 788 квадратни метри вода по хектар, а повеќето култури бараат многу помалку вода.

„Континуирано се наводнуваат околу 20 отсто помалку површини од планираните, а се прикажани неколку пати поголеми количини потрошена вода од планираните за истите површини. Ова, во најголем дел е резултат на невоспоставени контроли на трошењето на водата, лошата состојба во која се наоѓаат системите и несоодветно планирање“,

додаваат ревизорите.

Обезбедени кредити седат на банкарска сметка

За подобрување, но и одржување на наводнувањето, земјава има донесено План за инвестирање во водостопанската инфраструктура за период од 2015-2025 година. Во Планот се предвидени инвестиции во водостопанството во износ од 323 милиони евра. До сега, реализирани се инвестиции од само 53 милиони евра. Ревизорите заклучуваат дека има нерамномерна распределба на средствата, но и низок степен на реализација.

Како што покажува графиконот подолу, од вкупно 166 планирани проекти, реализирани се само 8.

Разните проекти за наводнување се финансираат или од државниот буџет или преку заеми. Кога се во прашање парите од буџетот, ревизорите констатирале дека се финансираат проекти само во три региони. Секој од овие проекти е проблематичен.

Системот за наводнување Равен Речица, заклучуваат ревизорите, е неизвесно дали ќе се реализира иако е изграден 60%. Имало потешкотии при експропријација на земјиштето но и отпор од локалното население за изградба на системот.

Браната Речани, пак, која треба да се изгради до септември 2024 година е на само 20% реализација. Ревизорите велат – неизвесно е исполнувањето на договорниот рок.

Браната Конско, пак, е завршна фаза по двегодишно доцнење. Но, објектот чинел 72% повеќе пари од проценатата вредност на работите.

Кога се во прашање заемите од странство, во последните две и пол децении земјава се задолжила околу 193 милиони евра за проекти за наводнување. Од тие пари, повлечени се 110 милиони евра, а веќе е вратена главница од околу 67 милиони евра.

Последниот голем кредит, од КфВ банката, се уште е на сметка и за него земјава плаќа провизии од 80 000 евра годишно.

Брана поврзана со системот „Лисиче“, за која е земен кредит од околу 10 милиони евра во 2002 година, се ја чека втората фаза.

Околу 9 милиони евра земени во 1997 година за рехабилитација на системи за наводнување „испариле“. Поради занемарено оддржување, поставената опрема на системи во Брегалница, Тиквеш и Полог е отстранета.

Нема светло на крајот на тунелот

Сумирано, поголем дел од водата што се користи, воопшто не се фактурира. И таа што се фактурира, тешко се наплаќа. А во исто време, системите за наводнување се застарени и поради долгиот период на нередовно одржување истите пропаѓаат и генерираат големи губитоци на вода.

Проблем е утврден и кај дел од браните со кои управува АД „Водостопанство“, кои подолг период не се одржувани и санирани и не се следи нивната стабилност и сигурност, а дел од нив се запуштени до ниво што доведува до ризик за околината.

Заклучно со 2021 година АД „Водостопанство“ не извршиле уплати на државниот Буџет по основ на надоместок за користење на вода по повеќе основи во вкупен износ од 30,15 милиони денари, поради што за дел од овие обврски со МЖСПП склучена е Спогодба за условно плаќање на глоба, согласно која се уплатени 2,17 милиони денари, но и понатаму не се врши уплата на тековно настанатите обврски за надоместок.

АД „Водостопанство“ има високи износи на ненаплатени побарувања од корисниците на нивните услуги и неплатени обврски кон државата кои изнесуваат 56,6 милиони денари, како и кон добавувачите и вработените.

„Дел од јавните водостопански претпријатија, чии хидросистеми се недоизградени и не функционираат во полн капацитет се соочуваат со континуиран недостиг на финансиски средства за редовно работење и за сервисирање на кредитните обврски, поради што користат средства од Буџетот на државата. Во исто време вршителите на водостопанска дејност остваруваат континуирани загуби од работењето кои за последните три години изнесуваат над 1,3 милијарди денари или над 20 милиони евра. Лошата состојба и лошото управување со системите, доведува и до дополнително финансиско оптоварување на давателите на услугите за наводнување поради плаќање за штети и тужби од корисниците по основ на исушување или поплавување на насадите и посевите“,

се наведува во извештајот од ДЗР.

Со ревизијата дадени се препораки за повеќе надлежни институции во насока на надминување и утврдените состојби и подобрување на користењето на водите и системите за наводнување. Препораки се дадени до Министерствата за животна средина и просторно планирање, земјоделство, шумарство и водостопанство, како и до Владата. Активности за подобрување на состојбата со системите за наводнување ќе треба да преземе и АД „Водостопанство“, а Државниот инспекторат за животна средина ќе треба да вработи водостопански инпектори кои навремено ќе алармираат за настанатите проблеми.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гласовите ги позајмија….

Следно

Во торнадото во САД загинаа најмалку седум лица

Latest from Blog

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за вработување на 101 лица. Ќе вработува 48 лица, приправници со или без работно искуство со високо образование и  53 вработени со средно образование. Право на

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Филипче. Или Филипче само потврди дека е
Go toTop