(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) САМО СКОПЈЕ Е ВО МРАК: Македонските градови блеснаа во новогодишен сјај – магија насекаде, освен во метрополата

December 11, 2024
1 min read

Скопјани кои сакаат нивните деца да доживеат новогодишна магија и да уживаат во украсите и светилките својствени за овој дел од годината, ќе мора своите деца да ги однесат на прошетки во други градови. Затоа што се чини дека од сите градови во Македонија, само главниот ќе остане во мрак.

Градоначалниците на другите градови изминативе денови се фатија за работа. Блеснаа главните улици и плоштадите, светна новогодишната елка, се создаде празнична атмосфера….

Битола го означи почетокот на празничната сезона со свечено палење на новогодишните светилки, претворајќи го градот во вистинска зимска бајка. Од Широк Сокак и плоштадот Магнолија, до Офицерскиот дом, парковите кај Саат кулата и Старата чаршија – секој агол зрачи со празнична магија.

На 20 декември започнува празничниот фестивал „Зимска приказна“, кој оваа година ќе трае сѐ до 6 јануари – подолго од кога било досега. Но, магијата веќе започна!
Со свеченото палење на празничните светилки, Битола  се претвори во вистинска зимска бајка. Блесна во празничен сјај, најавувајќи го духот на радоста и заедништвото што не очекува, посочија од општината.

Општина Битола
Општина Битола
Општина Битола
Општина Битола

Крива Паланка сосема заслужено се оценува како „најубаво украсен град“. Поставени се светлосни завеси, ѕвездено небо, две елки со висина од 10 метри и бројни други новогодишни украси. Акцентот е ставен на Градскиот плоштад и општинската зграда, каде има атрактивни и светлечки новогодишни украси, а граѓаните и посетителите ги користат за да направат новогодишни фотографии за спомен и да го доловат празничното доживување.

Општина Крива Паланка

 

Крива Паланка блесна – раскошно накитена и украсена – сјае во празничен декор од илјадници светилки и ја носи празничната магија во срцата на паланчани, истакна градоначалникот.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, објави видео кое ја покажува новогодишната магија што завладеа во градот.

Штипјани од сите генерации, но и посетителите, токму овде ќе ужуваат во прекрасна новогодишна атмосфера.

 

И во Велес се чувствува новогодишната магија.

-Безброј светилки наоколу ни ја донесоа празничната бајка дома, во нашиот Велес. Но, ова е само почеток – украсувањето ќе продолжи и во наредните денови за уште поубава приказна! Велес – наша најубава новогодишна бајка, посочи градоначалникот Марко Колев.

Општина Велес
Општина Велес
Општина Велес
Општина Велес
Општина Велес

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мајка монструм во Србија: Ќе ви се слоши кога ќе дознаете што му направила на своето бебе

Следно

Битиќи: Уставниот суд стана арена за судир меѓу минатото и иднината

Latest from Blog

Ласовска во 24 анализа: Гневот и изјавите на родителите од Кочани се оправдани

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска во 24 анализа рече дека изјавите на родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се оправдани. Таа објасни и дека очекува правда и

Томовски за злоупотребите во Владата: Прв пример ни е Маричиќ, најголем потрошувач!

Во денешното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, директорот на СОЗР, Ивица Томовски вели дека Маричиќ бил најголем потрошувач во Владата. -Можеби работите одат споро, но има одредени дела, така е

Георгиевски во Аргумент плус: Во Македонија тешко се создава традиција но лесно се руши

Ѕвездан Георгиевски директорот на Фондацијата „Славко Јаневски“ во Аргумент плус рече дека одговорноста за одржување на контиунитет на наградата е огромна. Според него, и покрај сите предизвици добро е што и по

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григориан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција
Go toTop