Мајка монструм во Србија: Ќе ви се слоши кога ќе дознаете што му направила на своето бебе

December 11, 2024
1 min read

Александра Ѓ. (33), мајка на пет деца, од околината на Јагодина, е осомничена дека го убила своето новороденче кое било пронајдено во замрзнувачот на станот во кој живеела.

Како што пишуваат српските медиуми, Александра наводно во изјавата што ја дала во полиција, детално опишала како се породила во тоалет во изнајмен стан во околината на Деспотовац и дека нејзиното бебе имало само едно око, една рака и четири прсти.

Сопругот на Александра починал пред две години, а се зборува дека не се знае со кого забременила.

-Според нашите неофицијални информации, нејзиниот покоен сопруг работел во странство и често бил отсутен, па татковството на петте деца што ги има никогаш не било утврдено, но тој решил да ги прифати сите како свои деца, без разлика на тоа, пишува Информер.

Исто така, селаните во околината на Јагодина откриваат дека Александра и нејзиниот покоен сопруг дале едно дете на посвојување, веднаш по раѓањето.

-Ги прифати сите деца, освен првото дете. Тоа бебе е дадено на посвојување, а сега детето е сместено во добро, згрижувачко семејство во околината на Деспотовац. Се зборуваше дека овие пет деца не се негови, но сепак сите ги прифати како свои, велат соседите.

Додаваат и дека Александра Ѓ. секогаш била средена, но дека ги запоставувала децата и куќата, како и дека земала лекови и неколку пати била лекувана од психијатар.

Александра првично го негираше извршувањето на делото, но откако и беше извршено полиграфско испитување каде се покажа дека не ја кажува вистината, реши да каже што точно се случило.

-На полицајците им кажала дека на 14-ти август почувствувала дека крвари и дека после тоа отишла во тоалет. По неколку секунди, според неа, почувствувала дека плодот и испаднал од стомакот, вели добро упатен извор на српскиот медиум.

По сопствено признание, го фотографирала детето, а фотографијата ја препратила на пријател преку социјалните мрежи. Потоа го убила и го ставила во замрзнувач.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Голем пожар го зафати Малибу, загрозени се 18.000 луѓе

Следно

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) САМО СКОПЈЕ Е ВО МРАК: Македонските градови блеснаа во новогодишен сјај – магија насекаде, освен во метрополата

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop