Битиќи: Уставниот суд стана арена за судир меѓу минатото и иднината

December 11, 2024
1 min read

„Во овој момент, во 9:30 часот, во судницата на Уставниот суд започнува необичен разговор на нашето општество со себеси, со различностите, кој може да биде дијалог како инклузивен процес или монолог како чин на исклучување. Ова е миг во кој се расправа за кохезијата на општеството, за неговите споделени основи. Во овие моменти, кога судницата станува арена на судир помеѓу историјата и визијата за иднината, свесни сме дека тоа не е само за законот или Уставот, станува збор и за тоа каква држава сакаме да бидеме“, напиша на социјалните мрежи Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ и поранешен вицепремиер.

Во својата објава Битиќи вели: „Македонија е татковина за сите нас. Таа не е само територија – таа е приказна за заеднички живот, за споделени предизвици во добро и лошо. И во таа заедничка приказна, јазикот е симбол на нашиот дух, нашето достоинство и нашата слобода“.

„Со почит кон македонскиот јазик, јас, како Албанец, го прифаќам неговото значење и вредност за македонскиот народ. Ја прифаќам и мудроста на Крсте Мисирков, кој рекол: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух и од самиот себе си“. Овие зборови ме инспирираат да додадам дека истата таа вистина важи за сите јазици во оваа држава, без разлика на тоа кој јазик го зборуваме – македонскиот, албанскиот или било кој друг“, истакнува пратеникот Фатмир Битиќи.

Тој посочува дека „во овие моменти, кога самата можност за употребата на албанскиот јазик е доведена во прашање, свесен сум дека можеби утре некој ќе се обиде да го замолчи мојот глас. Но, јазикот е повеќе од зборови – тој е нашиот идентитет, нашето право да бидеме тоа што сме и нашата верба во еднаквоста. Да зборувам на албански јазик во оваа држава значи да верувам во заедничка татковина каде различностите се вреднуваат како богатство. Македонија е најсилна тогаш кога ги слуша сите свои граѓани – на сите јазици“.

„Македонија е нашата татковина. А татковината, како што секој од нас знае, не е само земја – таа е дом кој ги прифаќа и почитува сите свои деца, со нивните јазици, нивните култури и нивните идентитети. Употребата на мајчиниот јазик не е привилегија, тоа е фундаментално право што секоја инклузивна држава мора да го гарантира. Само кога сме отворени кон различностите, стануваме посилни и посплотени“, нагласува Битиќи.

Во својата реакција на социјалните мрежи пратеникот Фатмир Битиќи укажува дека „нашата иднина е во инклузивноста, во тоа да ја градиме Македонија за сите нејзини граѓани, каде што сите ќе се чувствуваат рамноправни и почитувани. Јазикот е клучот што го отвора срцето на татковината, а нашата заедничка должност е да ги почитуваме и зачуваме сите јазици што ја збогатуваат Македонија. Тоа е заедничката татковината за која се бориме. Тоа е иднината што ја заслужуваме“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) САМО СКОПЈЕ Е ВО МРАК: Македонските градови блеснаа во новогодишен сјај – магија насекаде, освен во метрополата

Следно

Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop