ЕУ бара онлајн платформите да означуваат дали содржината е генерирана од вештачка интелигенција

June 5, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската комисија бара онлајн платформите да ја означуваат својата содржина доколку таа е генерирана од вештачка интелигенција, изјави денес еврокомесарката Вера Јоурова, јавува Анадолу.

Јоурова, потпретседателка на извршното тело на ЕУ задолжена за вредности и транспарентност, зборуваше на прес-конференцијата по состанокот со претставниците на водечките технолошки компании што го потпишаа Кодексот на ЕУ за борба против дезинформации.

„Онлајн платформите што нудат услуги со потенцијал за ширење информации генерирани од вештачка интелигенција треба да воспостават технологија за да се препознае таквата содржина и јасно да им се означи на корисниците“, рече таа.

„Европската комисија, исто така, бара од фирмите што вклучуваат генеративна вештачка интелигенција во своите производи, како што се Бинг Чат на Мајкрософт или Бард на Гугл, да ги изградат неопходните заштитни мерки за да не може овие услуги да се користат од злонамерни актери што генерираат вакви информации“, додаде Јоурова.

Таа предупреди на „новите ризици и потенцијалот за негативни последици за општеството“ од технологиите за вештачка интелигенција бидејќи кутиите за разговор, генераторите на слики или гласови може да се користат за ширење дезинформации.

Јоурова рече дека ЕУ очекува онлајн платформите „веднаш“ да ги применат новите одредби.

Таа, исто така, тврди дека Твитер, кој се откажа од доброволниот правилник на ЕУ минатата недела, направил „грешка“ и „ го избрал потешкиот пат“ и „избрал конфронтација“ со ЕУ затоа што привлекол „многу внимание и неговите постапки и усогласеноста со законот ќе се проверуваат енергично и итно“.

Таа, исто така, нагласи дека дури и ако учеството во Кодексот не е задолжително, многу од неговите мерки ќе станат правно обврзувачки откако новиот Закон за дигитални услуги на блокот ќе стапи на сила.

Кодексот за борба против дезинформации на ЕУ во моментов има 44 потписници, вклучително Фејсбук, Јутјуб, Линкедин и Гугл.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Глечерите и водопадите во југоисточна Туркије омилени дестинации на љубителите на природата

Следно

Пукање во Љубљана: Двајца загинати, полицијата трага по убиецот

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop