Естонија ја реновираше својата армијата на сметка на Украина

March 29, 2023
1 min read

Парите се трошат од заедничкиот ЕПФ фонд (European Peace Facility) во кој членките секоја година внесуваат пари во зависност од големината на нивната економија. Официјално договорено е ЕУ во просек да покрие околу 84% од вредноста на оружјето и опремата што нејзините земји членки и го испорачуваат на Украина. Во целата еуфорија што договориле таков план земјите членки на ЕУ изоставаат една ситница, а Естонија снајперски прецизно ја лоцира – никој не кажал што ќе се фактурира даденото или заменското оружје.

Па така Естонија на Украина и го тупна своето старо советско и не советско оружје, а на ЕУ и фактурираше сума по набавна цена што треба да ја плати за новото вооружување што треба да го купи.

„Го испраќаат отпадот во Украина а за себе купуваат скроз нова замена, финансирана со ЕУ пари,“ изјавува за магазинот Политико неименуван ЕУ дипломат.

Со таа математика својот вкупен трошок Естонија го проценила на 160 милиони евра, за што од Унијата добила назад 134 милиони евра.

„Естонците ги испраќаат своите стари залихи кои веќе не се произведуваат и после бараат надомест по основа на цената на нивните модерни алтернативи.

Пример, тие и испратија Стрела на Украина (стари советски рачни земја-воздух проектили), а бараат надомест по основа на цената на модерен Стингер, кој има далеку поголеми капацитети и носи многу поголема цена.

Ова е исто така причината зошто естонската воена помош изгледа дека е толку повисока по глава на жител отколку другите држави во статистиките што сите ги објавуваат,“ порачува друг ЕУ дипломат.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двотомното издание „Македонија – Јозеф Обрембски“ промовирано во Народниот етнографски музеј во Варшава

Следно

Земјите на ЕУ го усвоија нацртот за дигитална реформа на процедурата за Шенген-визи

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop