ЕК за БНТ: Бугарија и Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии

February 10, 2023
1 min read

Брисел не ги коментира случувањата на македонско-бугарската граница на 4 февруари, денот кога во Скопје се чествуваше раѓањето на револуционерот Гоце Делчев

Бугарија и Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии, соопшти Европската комисија во врска со последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје.

„Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензии“,

истакнале од ЕК за БНТ.

Брисел не ги коментира случувањата на македонско-бугарската граница на 4 февруари, денот кога во Скопје се чествуваше раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. По инцидентот во кој бугарски државјани се обиделе вербално да ги нападнат македонските полицајци, тројца од нив беа приведени, а од судот во Крива Паланка им беше изречена парична казна од 300 евра и забрана за влез во Македонија од три години. Тоа предизвика остра реакција од страна на бугарските власти.

Од Европската комисија за БНТ велат дека не коментираат тековни истраги или правни постапки.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека во моментов владее состојба на вето во однос на продолжувањето на евроинтеграциските процеси на С Македонија бидејќи македонските Бугари, како што рече, сè уште не се впишани во Уставот на земјава, а со тоа и преговорите не се започнати.

Според него, антибугарската кампања во Северна Македонија веќе води кон злосторства од омраза – палење и пукање во бугарски клубови и физичко насилство.

Премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да ја коментира изјавата на Радев со образложение дека Бугарија се наоѓа во предизборен период и секој политичар сака да собере глас повеќе.

„Не би ја коментирал Бугарија бидејќи тие се наоѓаат во избори и таму секој дава изјави само за да собере некој глас повеќе. Кога ќе завршат изборите кај нив, а кои ќе бидат во првата недела на април, ќе можеме да воспоставиме комуникација со новата влада што ќе ја изберат и да продолжиме со институционалната комуникација во делот на проектите што ги имаме на билатерално ниво бидејќи ние не преговараме со Бугарија за влез во ЕУ, ние преговараме со Европската Унија во Брисел за влез во ЕУ“,

изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини утре на сцената на Националната опера и балет

Следно

Мајка и син спасени од под урнатините 101 час по земјотресите во Туркије

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop