Двајца загинати, од кои едно e 15-годишно девојче, во тешка сообраќајка на патот Штип – Свети Николе

June 2, 2023
1 min read

Според портпаролката на СВР Штип во несреќата на самото место животите ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Во сообраќајката има и тешко повредени лица, но колку точно сè уште не е познато. Тие со возила на Итната помош се пренесени во Клиничката болница во Штип

Две лица, од кои едното девојче на 15-годишна возраст ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу пладне се случила на автопатот Штип – Свети Николе, во близина на патарината кај село Кадрифаково.  

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Несреќата во која учествувале две возила се случила во 12:10 часот, потврдила за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи Штип, Гордана Панајотова.  

Според портпаролката во несреќата на самото место животите ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Во сообраќајката има и тешко повредени лица, но колку точно сè уште не е познато.  

Тие со возила на Итната помош се пренесени во Клиничката болница во Штип.  

Возила на Итаната помош  и на Територијалната противпожарна единица – Штип се на терен, а сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, поради што полицијата ги пренесачува возилата по стариот регионален пат.  

Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Велика Британија: Вработените во железницата стапија во штрајк, се очекуваат дводневни прекини во услугите

Следно

Курти: Протестите во северно Косово се протести на луѓе кои го обожуваат воениот злосторник Милошевиќ

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop