Курти: Протестите во северно Косово се протести на луѓе кои го обожуваат воениот злосторник Милошевиќ

June 2, 2023
1 min read

Тој додаде дека во северно Косово, каде што локалните Срби протестираат против новизбраните градоначалници Албанци во тамошните четири општини, уште од 1999 дејствуваат илегални структури и дека ситуацијата таму не е нормална ниту сега, а не била нормална ни пред 20 години

Протестите во северно Косово се „протести на луѓе кои го обожуваат воениот злосторник (поранешниот српски претседател, Слободан) Милошевиќ“, а не за нови избори во тие општини со мнозинско српско население, изјави косовскиот премиер, Албин Курти.

На денешната собраниска седница, на која се расправа за состојбата во северно Косово, Курти порача дека во Косово власта не може да се освои со насилни средства и „со напади врз КФОР, полицијата и новинарите“, туку само на избори.

„Тие што не критикуваат од Белград дека имаме мал легитимитет, тие самите немаат легитимитет. Србите од (партијата) Српска листа имаат легитимитет нула. Нивниот повик за бојкот (на локалните избори во северно Косово) беше погрешна злонамерна одлука, поради која треба да ги сносат последиците, а не ние. Во Косово власта може да се освои само на избори, не со гранати, шок-бомби и со напади врз КФОР, полицијата и новинарите. Ова не се протести за нови избори, туку се протести на луѓе кои го обожуваат воениот злосторник Милошевиќ“,

изјави Курти.

Тој додаде дека во северно Косово, каде што локалните Срби протестираат против новизбраните градоначалници Албанци во тамошните четири општини, уште од 1999 дејствуваат илегални структури и дека ситуацијата таму не е нормална ниту сега, а не била нормална ни пред 20 години.

„Ако општинските згради не се за градоначалниците, тогаш за кого се. Уште од 1999 има илегални паралелни структури таму, не можеме и ние да создаваме паралелни структури. Ние не би требало да ја почитуваме нашата држава помалку одошто тоа го чинат меѓународниците… Јас наспроти демократите сум демократ, но наспроти национал-шовинистичките екстремисти сум суверенист. Ситуацијата на север не била нормална ниту пред две недели, ниту пак пред 20 години“,

изјави Курти.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двајца загинати, од кои едно e 15-годишно девојче, во тешка сообраќајка на патот Штип – Свети Николе

Следно

ВИДЕО: Емоциите беа посилни, Гудељ се скрши на дочекот во Севиља – Го изгубив бебето и братот на три минути

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop