Деспотовски за филмските студија на Малкович: Се оттргнаа од првичната идеја, но во преговори сме

1 min read

Одговарајќи на прашањето каде настанал спорот помеѓу државата и потенцијалниот инвеститор во филмски студија, Деспотовски вели статусот кој тие го бараат во рамки на инвестицијата, не и е потребен на државата

Околу 20 милиони евра е државната помош за странските компании за 2023 година, изјави првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски во интервју за РСЕ. Деспотовски говори и за причините за застојот во инвестициите – за електрични автомобили во Тетово и холивудските филмски студија на Џон Малкович во Скопје.

Одговарајќи на прашањето каде настанал спорот помеѓу државата и потенцијалниот инвеститор во филмски студија, Деспотовски вели статусот кој тие го бараат во рамки на инвестицијата, не и е потребен на државата.

„Кога беа кај мене, се стекна впечаток дека фокусот во тој момент беше повеќе на комерцијален недвижен имот, отколку на филмските студија. Така што, мојата реакција во јавноста кога добив прашање, сосема сум отворен за комуникација на сите овие работи кои ја засегаат или се од интерес на јавноста, мојот став беше јасен, а јасен е и сега. Тоа е дека не ни требаат странски инвеститори за развивање на комерцијален недвижен имот, од аспект на странски стратешки инвеститор, со таков статус“,

вели Деспотовски.

Првиот човек на ТИРЗ додава дека доколку навистина имаат интерес за отворање на филмски студија и државата ќе даде шанса за таква инвестиција.

„Имаме обновени разговори во последните неколку недели, каде самата компанија и нејзините претставници тука, се повеќе фокусирани на тоа што беше номинално и фокус, а тоа е развивање на филмските студија. Работиме со нив на тој процес, до каде ќе стигнеме, ќе видиме. Нашиот став е доколку навистина се заинтересирани да покажат интерес и донесат финансиски средства и проекти во делот на филмските студија, апсолутно сме заинтересирани да им дадеме шанса како и на сите останати и ќе продолжиме да работиме во тој правец“,

вели во интервјуто првиот човек на ТИРЗ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ЦУК: Вкупно 1504 повици на бројот 112 во последното деноноќие, најбарана била Итната медицинска помош

Следно

„Политико“: САД бараат Израел да прекине со нападите врз Газа до крајот на годината

Latest from Blog