Истрага за продолжено кривично дело измама

May 18, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело – Измама според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови.

На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација.

Парите и ги давале во повеќе наврати, а при последната исплата на 12.500 евра, во близина на полициската станица, била затекната веднаш по предавањето на парите.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице во судот и одземање на патната исправа.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицo пред судот ја призна вината

Следно

Фоден – Играч на сезоната во Премиер лигата

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop