Чешка на Украина ѝ има испратено воена опрема во вредност од 1,8 милијарди долари

1 min read

АТИНА (АА) – Чешката Република од почетокот на војната во Украина на земјата ѝ има испратено воена опрема во вредност од речиси 40 милијарди круни (1,8 милијарди долари), пренесува Анадолу.

„Околу 89 борбени тенкови, 226 оклопни возила, 39 хаубици и 33 системи на повеќекратни ракетни лансери се дел од воената опрема што ѝ беше обезбедена на Украина“, соопшти државното „Радио Прага интернешнл“, цитирајќи го премиерот Петр Фиала.

Освен тоа, Фиала додаде дека на Украина ѝ се испратени и 1,5 милиони парчиња различни видови муниција и 60.000 ракети.

„Од вкупниот износ, една четвртина е обезбедена од Владата како воена помош, додека остатокот е испратен од чешката одбранбена индустрија“, посочи Фиала.

Во веста се истакнува дека Владата претходно нема објавено детали во врска со воената помош на Чешка за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турскиот дрон „Бајрактар Акинџи ТИХА“ за првпат изложен на саем за одбрана во странство

Следно

Лавицата Тахома e нов жител на Зоо Скопје

Latest from Blog