Чавушоглу: „Кандидатурата на Финска за НАТО може да се разгледа одделно од онаа на Шведска“

1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије може да покаже поинаков пристап кон кандидатурата на Финска за НАТО од Шведска, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Доколку НАТО и овие земји [Финска и Шведска] донесат таква одлука, ние мислиме дека можеби ќе ги оцениме барањата одделно, но пред сè НАТО и овие земји треба да одлучат“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо во главниот град Анкара.

„Мислам дека би било фер да се направи разлика помеѓу проблематичната и помалку проблематична земја“, додаде тој.

Чавушоглу рече дека заедно со неговиот фински колега Пека Хависто направиле проценка за време на телефонскиот разговор по неделната изјава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ставот на Анкара кон кандидатурата на Финска за НАТО.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во мај минатата година, одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.

Во рамките на меморандумот потпишан во јуни минатата година меѓу Туркије, Шведска и Финска, двете нордиски земји ветија дека ќе преземат чекори против терористите со цел да добијат членство во НАТО алијансата.

Потребна е едногласна согласност од сите членки на НАТО, вклучително и Туркије, која е членка над 70 години, за сите нови членки да бидат примени во Алијансата.

Туркије вели дека земјите, особено Шведска, треба да направат повеќе, особено по провокативните протестите на приврзаниците на терористите и палењето на примероците на Куранот во Стокхолм.

Во договорот, Шведска и Финска, меѓу другото, се согласија да не даваат поддршка на терористичките организации како што се ПКК и нејзините ограноци, и на ФЕТО, и да ги екстрадираат осомничените за тероризам во Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: www.aa.com.tr

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НЕОБЈАВЕН И НЕПОСТАВЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ, НАЈДОБРИТЕ ТРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 120 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Следно

Израелската полиција приведе 9 Палестинци во Кудс

Latest from Blog