Бројот на загинати во израелските напади во Газа се искачи на 25

1 min read

КУДС (АА) – Бројот на загинати во нападите на Израел во Појасот Газа, кој е под блокада, се искачи на 25, пренесува Анадолу.

Министерството за здравство во Газа објави писмено соопштение во врска со загинатите и повредените како резултат на израелските напади.

Според соопштението, бројот на загинати Палестинци во нападите што Израел ги врши од 9 мај досега во Газа се зголеми на 25, додека бројот на повредени порасна на 76.

Во писменото соопштение на воениот огранок на движењето Исламски џихад се потврдува дека Али Хасан Гали, одговорен во одделот за ракети, е убиен во израелските напади.

Од ова движење претходно соопштија дека во нападите на Израел загинале тројца високи претставници од нивниот воен кадар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Германија ќе „увезува“ 250.000 Кенијци

Следно

ВО ГРЧКОТО ИЗДАНИЕ НА „МОЈОТ МАЖ“ ПРВПАТ СТОИ „ПРЕВОД ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“, ГРЦИТЕ СО АПЛАУЗИ И МНОГУ ЕМОЦИИ ЈА ПРЕЧЕКАА РУМЕНА БУЖАРОВСКА НА САЕМОТ ВО СОЛУН

Latest from Blog