ВО ГРЧКОТО ИЗДАНИЕ НА „МОЈОТ МАЖ“ ПРВПАТ СТОИ „ПРЕВОД ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“, ГРЦИТЕ СО АПЛАУЗИ И МНОГУ ЕМОЦИИ ЈА ПРЕЧЕКАА РУМЕНА БУЖАРОВСКА НА САЕМОТ ВО СОЛУН

May 11, 2023
1 min read

Огромен интерес од читателите и распродадени книги се импресиите од книжевната средба на македонсеката писателка, професорка и преведувачка Румена Бужаровска на Саемот во книгата во Солун, велат посетители за нашата редакција.
Збирката раскази „Мојот маж“ на грчки јазик ја објави издавачката куќа „Гутенберг“ и е во превод на реномираната преведувачка Александра Јоаниду, професорка на Универзитетот Аристотелис во Солун. Таа е исто така и преведувачка на други познати автори како Олга Токарчук и  Георги Господинов.

Историски чин е тоа што првпат името на јазикот официјално стои во книгата како „превод од македонски јазик“.

Според новинарот Костас Кацуларис од „Букпрес“, настанот на Бужаровска e еден од најуспешните на саемот. (Фото: СДК.МК)

„Саемот во Солун беше многу посетен, но дефинитивно еден од најпосетените настани беше на Румена. Немаше каде да се седи и стои, а потоа книгите на штандот се распродадоа и потпиша повеќе од 200 книги. Таа на настанот читаше на македонски, а потоа момче од Егејска Македонија постави прашање и даде коментар прво на македонски, а потоа на грчки, што е исто многу трогателен чин со оглед на тоа што македонскиот јазик во Грција до неодамна беше малтене забранет. Доби огромен аплауз и потоа следуваше коментар од публиката дека тоа што се случи со Сергеј Андреевски е срамота за Грција. Коментарите доаѓаа од Грци, кои зборуваа за тоа како се среќни што конечно двете земји се во добри односи кои би сакале да ги негуваат“, сподели со нас скопјанката С. Н.., една од гостите на Саемот.

На крајот на април, маскирани луѓе упаднаа во галеријата во Солун на изложбата на Андреевски, при што се однесувале непристојно и вулгарно во обид да ја прекинат изложбата, по што си заминаа. Поради инцидентот со Андреевски, издавачот ангажирал обезбедување за Бужаровска, а имало и полиција на Саемот. Се погрижиле за тоа, но не само што немало инцидент, туку била спротивна атмосферата.

Огромен интерес за книгата на Бужаровска. (Фото: СДК.МК)

Според новинарот Костас Кацуларис од „Букпрес“, настанот на Бужаровска и настанот на Лана Басташиќ се едни од најуспешните на саемот. Според повеќе грчки медиуми, како на пример „То Вима“, „Мојот маж“ е една од најчитаните книги во Грција.
Наесен се очекува преводот од „Не одам никаде“, а идната година од „Осмица“. Бужаровска на 21 јуни ќе има читање во Атина, а потоа и на книжевен фестивал во Хања, Крит.

„Мојот маж“ е четврта збирка на Бужаровска, во Македонија во 2014 ја издаде „Или-или“, а од неодамна нејзините книги ги објавува Издавачкиот центар „Три“. Досега е преведена на над 13 јазици. Лани се најде на листата на 100 највпечатливи книги за 2022 во Франција, која ја објави француското книжевно списание „Лир“ (Lire), а во Франција ја издаде легендарната издавачка куќа „Галимар“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бројот на загинати во израелските напади во Газа се искачи на 25

Следно

Акар: Туркије сака продолжување на договорот за пренос на жито преку Црното Море

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop