Борел: ЕУ ги осудува „срамните судења“ на белоруските активисти

March 3, 2023
1 min read

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска порача дека Алеш Бјаљацки и другите белоруски активисти се осудени на затвор врз основа на „лажни и политички мотивирани обвиненија“.

– Европската Унија најостро ги осудува нивните срамни судења, кои се само уште еден пример за тоа како режимот на (Александар) Лукашенко се обидува да ги замолчи оние кои се борат за човековите права и основните слободи на белорускиот народ, рече Борел.

Белорускиот претседател Александар „Лукашенко нема да успее. Нивниот повик за слобода е гласен, дури и зад решетки“, додаде тој.

ЕУ повикува на ослободување на повеќе од 1.450 политички затвореници и „е подготвена да реагира на репресијата и кршењето на човековите права“, се додава во изјавата на Борел.

„ЕУ ќе продолжи да ги поддржува сите оние кои храбро се стремат кон суверена, слободна, демократска, безбедна и просперитетна Белорусија“, нагласи шефот на европската дипломатија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Србија не извезува воена опрема за Украина, тврди Дачиќ

Следно

Андоновски: Не познавам човек во Македонија кој може да купи хотел за 60-тина илјади евра, освен пријателите на Груби

Latest from Blog

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop