Андоновски: Не познавам човек во Македонија кој може да купи хотел за 60-тина илјади евра, освен пријателите на Груби

March 3, 2023
1 min read

Јас не го гледам зголеменото парламентарно мнозинство, 65, 64, 62 на некое гласање. Мислам дека и деновиве нема да има кворум за работа во Собранието затоа што ова беше едно прикрпување во служба на Артан Груби. Значи не во служба на Владата, не во служба на Македонија, не во служба на напредокот на Македонија, не во служба на реформите, слушавме европски реформи итн. туку во служба на малата клика околу Артан Груби за да си ја заштитат фотелјата уште наредните десетина месеци, не очекувам повеќе. Ова во гостување во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, зборувајќи за реконструкцијата на владата, го истакна секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Тој додаде дека од прекројувањето на владата најмногу корист имаат Артан Груби и неговите пријатели кои не гледаат ништо друго освен како евтино да купуваат недвижнини.

„Интерес на таа клика е како да се купи евтино хотел на Попова Шапка. Не знам кој може да купи хотел за 60-тина илјади евра, не познавам таков човек во Македонија освен овие пријателите на Артан Груби кој што можат да купат хотел за 50-60 илјади евра. Такашто тоа беше суштината на промената на владата“потенцираше Андоновски.

Зборувајќи за тоа дали е можно друга партија да влезе во владата, Андоновски истакна дека тоа е нивна одлука но се надева дека ќе размислат добро и за иднината на државата и за нивната политичка иднина.

„Дали некоја друга партија ќе влезе или ќе излезе од владата тоа е нивна одлука, но по примерот на одредени помали албански политички партии се покажа дека е погрешна одлуката. Видете во каква ситуација е сега Алтернатива која што влезе да ја спасува владата, а беше избркана буквално од таа влада без да се согледа нивниот став. Имаа сериозни министерства, а сега се тргнати сосема на страна, така што се надевам дека ќе размислат добро и за иднината на Македонија сите политички партии, но и за сопствената политичка иднина, дали е паметно да влегуваат во влада на која што ѝ се одбројани деновите и која што апсолутно не покажа никакви развојни модели, никаква борба против корупцијата“, заклучи Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борел: ЕУ ги осудува „срамните судења“ на белоруските активисти

Следно

Идентификувани 54 од 57 загинати во железничката несреќа во Грција

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop