Американска аеровселенска компанија ја лансира првата 3Д-печатена ракета во светот

March 23, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американската аеровселенска компанија „Релативити Спејс“ (Relativity Space) доцна синоќа направи трет обид за лансирање во вселената на првата 3Д-печатена ракета во светот, јавува Анадолу.

Ракетата „Теран 1“, која беше лансирана од Кејп Канаверал, Флорида, доживеа неуспех веднаш по полетувањето.

Ракетата се искачи движена од вертикален проток на светлина од бел оган што се претвори во син додека се движеше кон небото.

„Денешното лансирање покажа дека ракетната технологија со 3Д-печатење на ‘Релативити’ ќе овозможи креирање на нашето следно возило, ‘Теран Р’“, објави компанијата на Твитер.

„Успешно го поминавме Max-Q, највисоката состојба на стрес на нашите печатени зданија. Ова е најголем доказ за нашиот нов пристап на производство“, се додава.

Последното лансирање, наречено „Со среќа, забавувај се“, беше трет обид за лансирање на компанијата во изминативе две недели.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Баербок пред посетата на Скопје: Ако ги изневериме, ќе ги загубиме Македонките и Македонците за Европа

Следно

Поставена безбедносна ограда на мостот во Брњарци

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop