Баербок пред посетата на Скопје: Ако ги изневериме, ќе ги загубиме Македонките и Македонците за Европа

March 23, 2023
2 mins read

Од германското МНР, пред посетата, посочија дека главната цел на посетата на Баербок е откочување на процесот на уставни измени во земјава, бидејќи, како што оценија, Северна Македонија е „клучна земја“ за процесот на проширување на ЕУ. Баербок очекува да се тргнат настрана партиските калкулации при одлучувањето за уставните измени во Северна Македонија

Очекувањата на мнозинството граѓани во Северна Македонија не смеат да се изневерат. Нивните големи надежи и очекувања за пристапниот процес за нас се шанса и опасност во исто време – опасност, затоа што би можеле да ги загубиме Македонките и Македонците за Европа, доколку како ЕУ ги изневериме нивните очекувања и покрај сиот напредок и болните отстапки кои ги направија во изминатите 17 години. Шанса, затоа што на сите учесници во процесот на проширување на ЕУ им е јасно за што всушност се работи: за иднина во европското семејство, за регион со стабилна добросостојба и мир, за самоопределување. Ова е пораката која ја испрати германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок пред нејзината денешна посета на Северна Македонија, пренесува Дојче веле.

Од германското МНР, пред посетата, посочија дека главната цел на посетата на Баербок е откочување на процесот на уставни измени во земјава, бидејќи, како што оценија, Северна Македонија е „клучна земја“ за процесот на проширување на ЕУ. Баербок очекува да се тргнат настрана партиските калкулации при одлучувањето за уставните измени во Северна Македонија.

„Можам добро да сфатам дека во моментов сите прашања за сопствениот идентитет, за сопствената историја, јазик и култура се дискутираат во Северна Македонија со срце и страст, тоа ни кај нас не е различно и е природно при важни прашања како промена на Устав. Но искуството покажува: во вакви ситуации се исплаќа да се тргнат настрана партиско-политичките калкулации, да се водите од јасна цел и во таа насока одлучно да се борите. Широката поддршка во парламентот на Северна Македонија за промена на Уставот ќе испрати сигнал, не само во самата земја, туку и подалеку во целиот регион: ние апсолутно сакаме да влеземе во ЕУ и правиме сѐ што е неопходно од наша страна“,

изјави шефицата на германската дипломатија пред посетата на Скопје.

Таа порача дека местото на Северна Македонија е во ЕУ, „дека навистина го мислиме тоа, покажавме најдоцна со официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година.

Баербок, на покана на нејзиниот македонски колега, Бујар Османи, денеска ќе допатува во Скопје на средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени со кои Бугарите и другите заедници треба да бидат вметнати во Уставот.

Како што информираа од македонското МНР, разговорите меѓу двајцата министри ќе бидат насочени кон пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија и спроведувањето на уставните измени што земјава го презема како обврска за продолжување на процесот на преговори со Унијата.

„Посетата на германската министерка Баербок се толкува како јасен сигнал на Сојузна Република Германија за интересот на германската надворешна политика во насока на целокупна поддршка на нашата земја и нашиот евроинтегративен процес, особено во годината во која прославуваме значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со пријателска Германија“,

посочија од МНР.

Освен со шефот на дипломатијата, германската министерка се очекува да оствари средби и со премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, со претседателот Стево Пендаровски и со собранискиот спикер Талат Џафери.

Баербок треба да се сретне и со претставници на опозициски партии. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека состанок ќе има и со партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Баербок е во период кога земјава го спроведува скрининг-процесот со ЕУ и кога треба да се започне процесот на уставни измени со кои Бугарите и други заедници ќе се вметнат во Уставот.

За оваа цел, вицепремиерот Маричиќ пред два дена најави дека периодов во земјава ќе доаѓаат претставници од ЕУ и од земјите членки.

„Очекувам до крајот на годината многу официјални лица од ЕУ, државите членки и пошироко да доаѓаат и да разговараат со наши политичари, пратеници, лидери на партии и да ја пренесат пораката дека ако оваа година ја пропуштиме, Бугарија нема да ја пропушти шансата за да потенцира дека ние не сме сакале и не сме можеле да ги исполниме обврските“

рече Маричиќ во понеделникот во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Баербок е копретседателка на германските Зелени, партија која е коалициски партнер во владата на социјалдемократот Олаф Шолц.

На 40-годишна возраст, таа стана шефица на германската дипломатија кон крајот на 2021 година и е прва жена и најмлада личност што ја извршува оваа функција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкупи му посака добредојде на Арслан

Следно

Американска аеровселенска компанија ја лансира првата 3Д-печатена ракета во светот

Latest from Blog

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,
Go toTop