Агелер: Шоле ќе ја потврди поддршката на САД за земјава, а борбата против корупцијата е приоритет за Вашингтон

January 9, 2023
3 mins read

Тој е многу посветен на обезбедувањето стабилност и сигурност на Западен Балкан и со нетрпение го очекува ова патување. Мислам дека сте го виделе неговото неодамнешно интервју каде што зборува за тие приоритети како што е борбата со корупцијата, и тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета оваа седмица… и ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за вашата земја на секој можен начин, изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи

Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета на С Македонија закажана за в среда и ќе ги потврди заложбите и поддршката на Соединетите Американски Држави за земјава, изјави денеска американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер.

Кои прашања ќе ги покрене советникот на Стејт департментот, Агелер не прецизира, но истакна дека борбата против корупцијата останува приоритет за САД.

„Тој е многу посветен на стабилноста и сигурноста на Западен Балкан и со нетрпение го очекуваше ова патување. Мислам дека сте го виделе неговото неодамнешно интервју каде што зборува за тие приоритети како што е борбата со корупцијата и тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета оваа седмица. Исто така, му честитав и на министерот (Бујар Османи н.з.) и на земјава што ги преземате овие многу важни претседателства (со ОБСЕ и со Јадранската повелба н.з.), ќе биде една многу важна година и тој ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за вашата земја на секој можен начин“,

изјави Агелер одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната прес-конференција со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, на која тој ги претстави приоритетите и целите на земјава за време на нејзиното претседавање со Јадранската повелба оваа година.

Посетата на Шоле на земјите од Западен Балкан беше најавена за декември минатата година, но тој ја откажа својата турнеја во последен момент поради позитивен тест на ковид.

Еден месец подоцна, односно од 11 до 13 јануари, советникот на Стејт департментот ќе ја реализира својата посета, во рамките на чија агенда се Северна Македонија, Косово и Србија.

Целта на посетата, како што објави Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Шоле на 11 јануари ќе престојува во Скопје, а предвидено е да се сретне со владини претставници и да разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

По посетата на Скопје, американскиот советник заминува за Приштина на средби со владини претставници, политички лидери и претставници на граѓанското општество. Во фокусот на разговорите ќе бидат напорите на САД да помогнат во унапредувањето на косовската и евроатлантската интеграција, вклучително и преку дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирани на меѓусебното признавање.

Од Приштина Шоле на 12 јануари ќе продолжи во Белград каде со раководството на српската влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристап во ЕУ.  Дијалогот со посредство на ЕУ за нормализирање на односите со Косово, како и улогата на Белград во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност, исто така ќе бидат во фокусот на разговорите на Шоле со српскиот државен врв.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Османи имаа средба со Шоле на 23 септември минатата година во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

На средбата тогаш, како што соопштија од Владата, беше потврдено стратегиското партнерство меѓу САД и Северна Македонија и беше потенцирано дека Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО до сигурен, еднаков и способен сојузник.

На 14 декември, кога Шоле требаше да пристигне во Скопје, но беше спречен поради инфекцијата со ковид, тој имаше телефонски разговор со премиерот Ковачевски, на кој учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Агелер. Истиот ден советникот на американскиот Стејт департмент телефонски разговараше и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

 „Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се разговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Северна Македонија ќе има силна поддршка од САД. Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Северна Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото“,

соопштија тогаш од Владата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мигранти: Исти Трамп, друго пакување

Следно

Двајца разбојници среде бел ден ограбиле дистрибутер

Latest from Blog

Јаневска: Светска банка препознава дека образованието е владин приоритет и ќе продолжи да помага во неговиот развој

Исклучително е важна поддршката која Македонија ја добива од Светската банка за да го подобри квалитетот на образованието и да го зајакне овој клучен столб на севкупниот општествено економски развој. Благодарни сме

Германската војска отпуштила 62 војници поради врски со екстремната десница

Германските вооружени сили минатата година отпуштиле 62 војници поради активности и изјави поврзани со екстремната десница, соопштија денеска официјални лица, пренесува Анадолија. Меѓу отпуштените се 41 војник, 11 подофицери и 10 офицери,

Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација

Конференцијата одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација, спроведена од Институтот за комуникациски студии..  Дискутаните посочија дека транспарентноста на институциите и отворената политичка комуникација се клучни за градење доверба помеѓу граѓаните

Турскиот министер за надворешни работи на состанокот на НАТО во Брисел

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Северноатлантскиот совет во Брисел, јавува Анадолу. Според информациите добиени од извори од

Поддршка вредна злато: Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“

Министерството за спорт денеска во Националната опера и балет во Скопје, организираше свечено доделување на 500 стипендии „Спортска надеж“ за млади талентирани спортисти, членови на националните спортски селекции. Настанот се одржа под
Go toTop