Двајца разбојници среде бел ден ограбиле дистрибутер

January 9, 2023
1 min read

Денеска (09.01.2023) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(21) од с.Сингелиќ, скопско и 16-годишник од Скопје. Тие се сомничат дека околу 10.10 часот пред продажен објект на ул.„Жегљане“ извршиле разбојништво од возило „пежо боксер“, сопственост на фирма.

– Имено, тие пред објектот со закана од вработениот дистрибутер А.Ш.(39) од Скопје одзеле пари од дневниот промет, по што заминале со возилото „пежо боксер“, а во с.Стајковци дел од производите префрлиле во друго возило, но набргу биле фатени и приведени, информираат од МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Агелер: Шоле ќе ја потврди поддршката на САД за земјава, а борбата против корупцијата е приоритет за Вашингтон

Следно

Песков: Не е точно дека на европските претставници им предложивме мировен договор

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop