Внимавајте каде паркирате: „Пајакот“ крена речиси 100 возила

January 16, 2023
1 min read

За седум дена санкционирани се 195 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

Во соработка со сообраќајната полиција-Скопје, од ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 09.01. до 15.01.2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 97 непрописно паркирани возила.

– Со поставување на механичко средство „Блокатор“ нкционирани се 98 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се посочува во соопштението.

Најавуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поранешниот грчки крал денеска ќе биде погребан во Атина

Следно

Анчелоти: Не е понижувачки да се загуби од Барселона

Latest from Blog

КВИЗ: ЕУ за тебе, а ти за ЕУ?

Подготви се за квизот кој ќе ти ја тестира љубопитноста и знаењето за Европската Унија! Дознај интересни факти, провери колку знаеш за историјата, вредностите и улогата на ЕУ, и откриј како ти

Зошто ВМРО-ДПМНЕ да не одговара за креирање на лажни вести: Откако објави фотографија за одредени цели, истата мистериозно исчезна

На ваквиот обид опозициската партија со силна реакција во јавноста ја разобличи како што велат тие ‘грубата манипулација и лага“. „ВМРО-ДПМНЕ молчешком ја избришаа фотографијата од нивната бен страна, со којашто денеска

6 активни пожари во Македонија

Центарот за кризи информира дека на територијата на Република Северна Македонија моментално се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои: Активни пожари (6 локации): Општина Василево, Радовиш и Берово –

Претседателот на ССМ обвинува дека МИА цензурирала пренос од седница на Економско-социјалниот совет

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на социјалните мрежи упати сериозни обвинувања кон Медиумската информативна агенција (МИА) дека извршила цензура врз изјавите на синдикалните претставници дадени по
Go toTop