Во државата има вкупно 22 пожари на отворен простор

August 10, 2025
1 min read

На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.  Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума.

Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, избил вчера попладне на околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. капија Кула) на ЈП ловиште Јасен. 

– На местото на пожарот веднаш се упатија вработените од Јасен кои дејствуваа врз пожарот од земја на исклучително тежок терен. Набргу потоа со дејство врз пожарот започнаа два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а подоцна ним им се придружија и два полициски хеликолтера. Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола, а потоа и целосно изгаснат без знаци на горење. Од страна на вработените од Јасен беше извршена контрола на изгаснатата линија на пожарот и никаде не беа забележани знаци на горење. Во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како поддршка веднаш се упатени два полициски хеликоптера кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два „ер трактори“ на ДЗС, информираат од ДЗС.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ограничен број на камиони со помош, од Египет влегуваат во Газа преку преминот Рафа

Следно

Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села

Latest from Blog

Во вооружена пресметка на улиците во Тетово еден мртов и повеќе ранети, меѓу нив и малолетно девојче

Повредените се пренесени во тетовската Клиничка болница и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од МВР соопштија дека во 12:30 часот на крстосница од улица ,,Илинденска” со улица ,,Благоја Тоска” во

Јаневски: Бившото СЈО се уште владее во Македонија, додека не ја погреба

Неколку пати го изгледав и ислушав гостувањето на суспендираниот виш јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, минатата недела кај Бетмен. Му барав слаби точки, погрешен говор на телото, пропусти, ненамерни или намерни правни и

Меџити го претстави проектот за нов зелено-рекреативен парк во Чаир

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со своите соработници, го претстави еден од најголемите и најзначајните проекти за иднината на Чаир – изградбата на нов

Ватикан го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан како „знак на надеж“

ЛОНДОН (АА) – Папата Лав денес го поздрави напредокот кон мир меѓу Азербејџан и Ерменија по потпишувањето на трилатерален мировен план со САД, известува Анадолу. На неделната молитва, папата Лав го поздрави
Go toTop