Ватикан го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан како „знак на надеж“

August 10, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Папата Лав денес го поздрави напредокот кон мир меѓу Азербејџан и Ерменија по потпишувањето на трилатерален мировен план со САД, известува Анадолу.

На неделната молитва, папата Лав го поздрави новиот мировен договор постигнат меѓу двете јужнокавкаски земји, објави Ватикан Њуз.

Папата „знак на надеж“ го нарече договорот меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

„Нивната заедничка декларација е значаен чекор напред и сите се надеваме дека ќе придонесе за стабилен и траен мир во Јужен Кавказ“, истакна папата.

Во петокот, лидерите на двете земји ја потпишаа заедничката декларација на трилатералниот самит во Белата куќа заедно со американскиот претседател Доналд Трамп.

Спогодбата има за цел да стави крај на деценискиот конфликт, со обврски за прекин на непријателствата, повторно отворање на транспортните патишта и нормализирање на односите.

Ерменија и Азербејџан водат низа прекугранични војни од крајот на 1980-тите, вклучително и 2020, кога Азербејџан ја ослободи својата територија Карабах.

Односите меѓу поранешните советски републики Азербејџан и Ерменија се напнати од 1991 година, кога ерменската армија го окупираше Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан, и седум соседни региони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар кај Долно Дупени – спасени куќите, огнот се шири кон непристапен терен

Следно

Кошаркарската репрезентација пристигна во Орадеа

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop