Кошаркарската репрезентација пристигна во Орадеа

August 10, 2025
1 min read

Кошаркарската репрезентација на Македонија од денеска е во Орадеа, Романија каде в среда го игра натпреварот од претквалификациите за Светскиот куп во Катар 2027. По двата пораза од Романија во Куманово и од Унгарија вчера во Солнок, станува јасно дека неискуството и грешките кои ривалите ги казнуваа ја донесоа Македонија во незавидна ситуација.

Стручниот штаб на нашата селекција, предводен од селекторот Марјна Илиевски се одлучи за мали промени во распоредот на активностите за време на престојот во овој романски град. Поради заморот во екипата, ќе има намален бројот на тренинзи, па така наместо двата утрешни тренинзи, ќе биде одработен еден „централен“, а според истиот план ќе се тренира и наредниот ден.

Планиран е и еден (утрински) тренинг, на денот на одигрување на натпреварот во Арената „Орадеа“. Инаку, натпреварот се игра на 13. август (среда), со почеток од 18.часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ватикан го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан како „знак на надеж“

Следно

Меџити го претстави проектот за нов зелено-рекреативен парк во Чаир

Latest from Blog

Трамп доби совети од неговиот тим што побргу да ја заврши војната со Иран- се плашат од една работа

Во последните денови, помошниците наводно го советувале Доналд Трамп, претседателот на САД, да нагласи дека американската војска во голема мера ги постигнала своите цели и го советувале претседателот да соопшти план за

Средба на Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

Напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурност на снабдувањето, интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар, како и забрзувањето на процесите на

Божиновска се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница – Во фокус трансформацијата на македонскиот енергетски сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, на која се разговараше за следните чекори во трансформацијата на македонскиот
Go toTop