Зошто невакцинираните не нè предупредија?

January 25, 2023
1 min read

Додека светот се бори да ги согледа разорните ефекти на ковид пандемијата, прашањето што упорно се повторува е зошто невакцинираните не направија повеќе за да нè предупредат за потенцијалните опасности од вакцинирањето.

Додека добронамерните граѓани застанаа во ред за да ја направат вистинската работа и да ги примат своите вакцини против ковид- оние кои сега изгледаат дека прават повеќе штета отколку корист – нивните невакцинирани пријатели беа покрај нив и им дозволија да го направат тоа. Некои од нив кажаа премалку. Некои воопшто не кажаа ништо.

А знаеја нешто што што ние не знаевме. Нашата крв сега е на нивните раце.

Силни се тоа зборови. Но, невакцинираните имаа пристап до важни информации за потенцијалните несакани ефекти од вакцините. Тие знаеја за ризиците од тешки алергиски реакции, згрутчување на крвта и други сериозни здравствени компликации. Знаеја дека вакцините не нè имунизираат. Знаеја дека тоа не е ефикасно и дека може да предизвика повеќе беља отколку добро.

Го знаеја сето тоа, но наместо да не опоменат, избраа да молчат. Тие избраа да ја свртат главата на друга страна и да не зборуваат за потенцијалните опасности од вакцините. Дозволија милиони добри луѓе кои ја направија вистинската работа (во тоа време) да тргнат кон болест и смрт, а многу антиваксери сега и ликуваат по интернет бидејќи погодиле од која страна ќе падне паричката. Полошите меѓу нив дури и с’скаа луѓе да примаат бустери.

Сè стана јасно. Молкот на невакцинираните беше опасна, социопатска и неодговорна одлука која имаше сериозни последици за нас кои ги примивме вакцините. А молчењето, на крајот на краиштата, значи согласување.

Време е невакцинираните да преземат одговорност за своите постапки и заедно со нас да бараат решение за оваа криза. Не можеме да дозволиме нивната себичност и недостаток на акција да продолжат да им штетат на нашите заедници. Време е невакцинираните да истапат и да ја направат вистинската работа.

Оние кои требаше да направат многу повеќе за да нè предупредат за ризиците по нашето здравје, сега од нас ќе треба да побараат и прошка. Рака на срце, може и да им ја дадеме.

Затоа што ние сме добри луѓе. Ги примивме тие вакцини затоа што тоа беше вистинската работа што требаше да се направи. Додека не стана обратно.

*извор

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вардар се излеа во Велес, нивото на реката зголемено за половина метар

Следно

(ВИДЕО) Зеленски за време на интервју дозна дека Германија ќе испрати тенкови за Украина

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop