ЗОШТО НЕМА ВЕЌЕ СЕКС ВО ФИЛМОВИТЕ, ПРАША ВО ВЕНЕЦИЈА ГРЧКИОТ ОСКАРОВЕЦ ЈОРГОС ЛАНТИМОС

September 2, 2023
1 min read

„Кутри нешта“ (Poor Things) на грчкиот оскаровец Јоргос Лантимос, готска комедија инспирирана од приказната за Франкенштајн, вчера имаше премиера на филмскиот фестивал во Венеција, носејќи духовитост, надреализам и многу секс на Лидо. Во филмот, Ема Стоун ја игра Бела Бакстер, млада жена вратена во живот откако се самоубила во викторијански Лондон. Го прикажува нејзиното драматично патување за самооткривање и ослободување и има многу секс, прво со неморален адвокат, кого го игра Марк Руфало, а потоа со редица клиенти во париски бордел.

Поради штрајкот на холивудските актери Стоун не можеше да дојде во Венеција за да зборува за нејзината улога, но Лантимос рече дека му е жал оти се чини дека сега повеќето филмови избегнуваат да прикажат секс.

„Зошто повеќе нема секс во филмовите? Штета е што Ема не може да биде тука за да зборува за тоа, бидејќи е чудно што ќе кажувам само јас“, рече Лантимос.

Тој им кажа на новинарите дека во филмот, заснован на истоимениот роман на Аласдер Греј, ја користел координаторката за интимност Ел МекАлпајн за да им помогне на актерите со секс сцените.

„Таа на сите им олесни сè“, рече Лантимос, чии претходни филмови се „Јастог“ и „Фаворитка“, во кои исто така глумеше Стоун.

„Одличното нешто кај мене и Ема е што сега имаме четири филма заедно. Така, може да се рече дека се разбираме и со кратенки“, рече Лантимос, додавајќи дека тоа значи оти актерката разбрала зошто се потребни огромен број секс сцени.

„Таа рече: ‘Да, јасно дека разбирам. Знаеш, тоа е Бела. Да го правиме она што треба да го направиме“, кажа Лантимос.

Стоун го продуцираше „Кутри нешта“, што значи дека беше вклучена во донесувањето одлуки.

„Ема не мораше да се срами од своето тело и голотијата кога играше во тие сцени. И тоа веднаш го сфати“, изјави Лантимос.

„Кутри нешта“ е еден од 23-те филмови кои се натпреваруваат за престижната награда Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција, кој ќе трае до 9 септември.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Видео: Уништена урбана опрема во Општина Бутел

Следно

Втора глобална женска лидерска конференција “Јас сум жена”: Слободна ли е жената денес?

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop