Зоровски во Аргумент плус: Регионална депонија е решение за отпадот во Буково

May 13, 2025
1 min read

Ѓоко Зоровски  од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ во Аргумент плус рече дека, во депонијата со години се шири чад и миризба која ги туре граѓаните.

Според него, решението е регионална депонија.

„Она што се случува е тоа што во изминатите години депонијата шири чад и миризба. Нашата мисија е да се реши проблемот на цивилизиран начин. Ние сакаме да се реши на културен начин. Го имаме донесено решението со еден меѓуароден проект за отпад. Ги притискаме надлежните органи за регионална депонија. Во моментов цел комунален отпад се отстранува на неконтролирани места и не се селктира. Ние сме сведоци и дека опасен отпад се фрла на непрописни места. Околу 4000 луѓе годишно умираат од загадена почва од отпад. Друга страна е селекција на отпад. Влијаеме и врз граѓаните и организираме акции да граѓаните селектираат. Процесот оди бавно и е тешко“, рече Зоровски

Тој зборуваше и дека на Охрид му е потребен собирен центар за отпадот кој е извор на дивите депонии.

„Ние сме во контакт со локална самоуправа и тие се само една алка во тие 18 општини кои треба да ја реализираат идејата за регионалан депонија. Ние сме конструктивни. Она што му недоставува на Охрид е собирен центар за одреден вид на отпад, мебел, порцелан, бидејќи тие се изворот на тие диви депонии. Треба да се игради инфраструкура за ваков центар“, додаде Зоровски.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проблем за Елмас: Лајпциг не дава попуст, а Торино не сака да ја плати клаузулата

Следно

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Latest from Blog

Коњановски изврши увид во асфалтирањето на улицата „Леринска“

Во Битола во тек е асфалтирањето на улицата „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“, во рамки на проектот за реконструкција на уличната мрежа. Претходно на оваа локација беше изградена мешовита фекална

Божиновска: Енергетската ефикасност е најисплатливата инвестиција за иднината

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката

18 милиони денари промет на Берзата, Алкалоид и банките во центарот на вниманието

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 08.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.328,80 поени. Во однос

Арбелоа од Реал седна на клупата на Фулам

Англискиот премиерлигаш Фулам го објави назначувањето на Алваро Арбелоа за нов тренер на тимот. Поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша договор до 2029 година. „Огромна чест ми е да ја започнам оваа

Коњановски: Нови мерки за поддршка на лицата со аутистичен спектар и нивните семејства

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со претставници на Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“-Битола и Здружението на психолози за стручна и морална
Go toTop