Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

May 13, 2025
1 min read

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе настапат и претставниците на Италија, Шпанија и Швајцарија.

Во неделата, на 11 мај, претставниците од 37те земји учеснички на „Евросонг 2025“ се појавија на тиркизнот тепих, а оваа година тој е долг 1,3 километри. Пред почетокот на годинашниот музички натпревар, повеќе од 70 поранешни евровизиски натпреварувачи, вклучувајќи ги и победниците, потпишаа отворено писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во кое побараа Израел да биде исфрлен од натпреварот.

– Ја разбираме загриженоста и длабоко вкоренетите мислења околу актуелниот судир на Блискиот Исток. ЕБУ не е имуна на глобалните случувања, но заедно со нашите членови, нашата улога е да обезбедиме натпреварот да остане универзален настан којшто промовира врски, различност и вклученост преку музиката. Сите ние се стремиме да ја одржиме „Евровизија“ позитивна и инклузивна и да му покажеме на светот што би можело да биде, а не нужно она што е, соопшти ЕБУ.

Израелската претставничка на „Евровизија“, Јувал Рафаел викендов беше пречекана со демонстрации во Базел поради што израелската телевизија „Кан“ поднесе пријава до тамошната полиција. Рафаел треба да настапи во втората полуфинална вечер в четврток. Јувал Рафаел, која го преживеала нападот на Хамас врз Израел, победи на израелскиот фестивал „Нова“ за учество на годинашниот „Евросонг“.

Една од највпечатливите претставнички на овогодинешната Евровизија е претставничката на Малта Миријана Конте. Таа победи на Евровизија во Малта (MESC) 2025 и ќе ја претставува земјата со песната „Serving“. Миријана победи со песна првично насловена како „Kant“, што на малтешки значи пеење. Малта беше принудена да го промени името на својата песна за изборот откако Европската радиодифузна унија (EBU) побара измени поради потенцијално недоразбирање во врска со англиски збор што има навредливо значење. Оваа година, Малта ќе настапи во втората полуфинална вечер на 15 мај.

Македонија годинава по третпат не учествува на настанот. Земјава последен пат учествуваше на Евровизија во 2022 година, во Италија, кога наша претставничка беше Андреа. Прв претставник на Евровизија беше Владо Јаневски и песната „Не зори, зоро“ во 1998 година.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зоровски во Аргумент плус: Регионална депонија е решение за отпадот во Буково

Следно

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop