ЗОРИЦА ВЕЛКОВСКА Е НОВА НАЦИОНАЛНА ПРЕТСТАВНИЧКА ВО ПАНЕВРОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФОНД ЕУРИМАЖ

August 14, 2025
1 min read

Зорица Велковска е именувана за национална претставничка во Управниот одбор на Еуримаж,  фондот на Советот на Европа за поддршка на копродукција, дистрибуција и прикажување на европски филмови, соопшти Агенцијата за филм. Управниот одбор е составен од националните претставници на сите земји-членки на Еуримаж.

Велковска е културен стратег, советничка за културна политика и меѓународна соработка и коосновачка на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21, со повеќе од 15 години професионално искуство во културниот и аудиовизуелниот сектор.

„Во својата кариера, Велковска учествувала во значајни национални продукции како ‘5плус’ и ‘Преспав’, била национална координаторка на проектот Европски филмски предизвик, како и активен учесник во бројни иницијативи финансирани преку Креативна Европа и меѓународни копродукции. Како национална претставничка во Еуримаж, таа ќе придонесе за унапредување на позицијата на македонската филмска индустрија во европскиот и светскиот контекст, зајакнување на меѓународната копродукција и промовирање на принципите на инклузивност, одржливост и креативна соработка“, велат од Агенцијата.

Во периодот 2018 до пролетта 2025, македонска национална претставничка во Еуримаж беше професорката Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, реномиран филмски професионалец и сопственичка на некогаш најголемата дистрибутерска куќа „Манаки филм“. Таа во 2023 беше прва македонска членка на Извршниот комитет на Еуримаж, што стартуваше како ново тело со реформата на Фондот од 2022. Извршниот комитет е составен од една третина земји-членки на Фондот. Постојани членки на Извршниот комитет се претставниците на Германија, Франција и Италија. Мандатот на членовите на Извршниот комитет е една година.

Национален претставник во Еуримаж пред Ќурчинска-Пепељугоска, беше Мими Ѓоргоска-Илиевска, која претходно беше директорка на Кинотеката на Македонија и на Агенцијата за филм.

Македонија е членка на Еуримаж од 2003 година, а во 2023, јубилејната 20-годишнина од македонското членство во овој паневропски фонд, земјава доби вкупно 775 илјади евра, доделени на „ДиЏеј Ахмет“ на Георги Унковски , „Човек против јато“ на Тамара Котевска и „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума. Во 2021 беа поддржани „Кајмак“ на Милчо Mанчевски и „Најrсеќниот човек на светот“ на Теона Митевска. Годинава, во втората сесија за 2025, „Пролетно чистење“, дебитантскиот игран филм на Марија Апчевска, доби поддршка со 210.000 евра од Еуримаж.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела Еуримаж од своето основање во 1989 до денес поддржал над 2.500 копродукциски проекти со вкупен буџет од над 700 милиони евра.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подмолје доби надвозник: рокот за автопатот Кичево–Охрид е 2026, допрва ќе се утврдува цената

Следно

Големиот пожар кај селото Октиси ставен под контрола

Latest from Blog

Насилни протести поради смрт на девојче во Австралија (ВИДЕО)

Премиерот на Австралија, регионалниот началник на полицијата и портпаролот на семејството на жртвата повикаа на смиреност откако лута толпа од околу 400 домородни луѓе се собра вчера вечерта пред болницата каде што

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани

Охрид, 1 мај  – Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а

Карик: Мечот против Ливерпул е еден од моите омилени

Мнигу одамна, тимот на Манчестер Јунајтед пред еден дуел против вечниот ривал, екипата на Ливерпул не бил во подобра ситуација на табелата. Реално, Ливерпул доминираше изминатите неколку сезони, беше во далеку подобра

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop