„Знаме со голема Албанија е кривично дело“ – Ибрахими: Потрагата по момчето е исто дејство како на Вучиќ

August 21, 2023
1 min read

реклама



Шефот на полицијата, Оливер Спасовски смета дека веењето на знамето со карта на Голема Албанија, во Македонија е кривично дело. Според него, полицијата работи на идентификување на лицето кое го вееше знамето на собирот во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

„Имаме информации кои веќе ги прибираат колегите и од СВР Тетово и на ниво на Министерството. Јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице. Класификацијата секако е кривично дело, согласно препораките што ги даде јавниот обвинител  и на основа на тоа ќе се преземат соодветни мерки“, вели Оливер Спасовски.

реклама

Во врска со оваа реагираше генералниот секретар на Алтернатива, Зекирија Ибрахими.

Вели дека потрагата по момчето е слично дејство со тоа на Вучиќ кога го бараше Балистот Морина, момчето кое со дрон го вееше истото знаме на белградскиот стадион на натпреварот Србија – Албанија.

реклама

„Власта СДСМ-СОРАВИА-Алијанса за Албанците и денес продолжува да трага по Албанецот кој истакнал знаме на етничка Албанија на собирот во Тетово. Исто како пред неколку години кога Вучиќ трагаше над и под земја за момчето кое со дрон го вееше знамето на етничка Албанија на натпреварот Србија-Албанија. Позната српска матрица, театарот е македонски, а има и некои албански статисти. Прашањето кое се поставува е дали овие од владата ќе го уапсат и продавачот на картите на Голема Македонија сред скопски плоштад?!“, порача Зекирија Ибрахими.

Настанот се случи на 11 август во Тетово, кога на посета на градот беше премиерот на Косово, Албин Курти, кој во текот на неговиот говор порача Македонија да биде што поблиску Косово, Албанија и Бугарија и што подалеку од Србија.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Јунајтед објави детали за судбината на Гринвуд на „Олд Трафорд“

Следно

Џафери за одложеното гласање за уставните измени: Одлуката е донесена согласно Деловникот и врз основа на политичка проценка

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop