ЗНАМ со кандидат за Центар – ВМРО-ДПМНЕ немал да кандидира свој, ќе го поддржи оној на ЗНАМ

June 27, 2025
1 min read

Се уште траат преговорите на владините партнери ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ околу настапот на локалните избори. Иако од партијата на Максим Димитриевски рекоа дека тие ќе настапат самостојно, сепак, поддршка ќе имаат меѓусебна бидејќи како што рече портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов, таму каде што тие ќе имаат кандидат ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира свој, но дека ќе имаат заедничка поддршка уште во првиот круг. Информациите се дека од ЗНАМ ќе имаат свој кандидат за Центар што би требало да значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да настапи во оваа скопска општина.

-Доколку кандидатот за градоначалник на општина Центар биде од редовите на ЗНАМ, ВМРО ДПМНЕ во тој случај нема да има кандидат за Центар. Исто и во другите општини, каде што ќе имаме ние кандидат од ЗНАМ, тоа практично значи самостоен настап на ЗНАМ со взаемна поддршка со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, изјави портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Сомнителен тендер за лични карти во МВР во пресрет на локалните избори

Следно

„Иран нема планови за средба со САД за нуклеарни разговори“, изјави шефот на иранската дипломатија

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop