СДСМ: Сомнителен тендер за лични карти во МВР во пресрет на локалните избори

June 27, 2025
1 min read

СДСМ денеска ја обвини Владата дека во најстрога тајност започнала постапка за избор на нов систем за производство и издавање лични карти и пасоши, само неколку месеци пред локалните избори.

На прес-конференција во седиштето на партијата, портпаролката Богданка Кузеска изјави дека Министерството за внатрешни работи веќе ангажирало фирма „без никаков претходен досегашен ангажман во оваа специфична и чувствителна област“. Според неа, компанијата досега работела исклучиво на студии за третман на отпад и изградба на стадиони, а сега треба да подготви техничка документација за систем кој обработува доверливи лични податоци.

Кузеска тврди дека во конкурсната документација не се бара безбедносен сертификат за лицата кои ќе управуваат со базите на податоци, ниту пак се гарантира заштита на доверливите информации на државата и на граѓаните. „Сето се одвива без надзор, без јавност и без пропишани стандарди“, порача таа, опишувајќи го процесот како „рецепт за злоупотреба“.

Партијата стравува дека централизирањето на процесот – од производство до издавање документи – може да отвори простор за масовно издавање нови лични карти непосредно пред изборите, што би можело да влијае врз изборниот резултат. СДСМ ги повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Владата да одговорат:

  • Зошто е избрана фирма без релевантно искуство и без безбедносни сертификации?
  • Кои мерки ќе обезбедат недопирливост на личните податоци?
  • Дали ќе има надворешен и независен надзор врз реализацијата на проектот?

„Ќе ги информираме сите домашни и меѓународни фактори за можните ризици и ќе ги следиме сите чекори на институциите“, нагласи портпаролката, додавајќи дека СДСМ ќе остане „буден чувар на слободната волја на граѓаните“.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјален одговор на обвинувањата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опожарени два дома во Куманово, граѓаните реагираат на секојдневно палење на смет на потег од „Стари Лозја“ до влез на „Перо Чичо“

Следно

ЗНАМ со кандидат за Центар – ВМРО-ДПМНЕ немал да кандидира свој, ќе го поддржи оној на ЗНАМ

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop