Зјаат празни столчиња: Пратениците од СДСМ ги нема на седницата за реконструкција на Владата

February 16, 2023
1 min read

Собраниската седница на која се расправа за владината реконструкција ќе продолжи во 23 часот, на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека во собраниската сала пратеници од власта речиси и да нема.

-Маричиќ дојди во Собрание да ги слушнеш аргументите на опозицијата. Во 21:45 нема никој од вашите пратеници, нема никој од вашата Владата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во сала, но нема со кој да дебатираме. Очигледно на пратениците од СДС им проработе срамот од дебаклите на Таче, па избегаа од седницата за реконструкција на Владата, објави на Фејсбук пратеникот Бране Петрушевски.

-Во 22 часот вака владиното мнозинство избира Влада, министри и заменици министри. Безмалку ниту еден пратеник. Зјаат празни столчиња од “стабилното и проширено” мнозинство. Слаба ви е “Пазар 3” коалицијата, малку ќе ви трае, напиша пратеникот Бојан Стојаноски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски порача дека Собранието е единственото место каде треба да се спротивстават аргументите.

– Во салата има три пратеници од СДСМ, од партијата од која доаѓа вицепремиерот. Контрадикторни сте. Од една страна обвинувате за блокада од опозицијата, а од друга страна вие пред 10 дена на една национална телевизија рековте дека Собранието работи и сме донеле 374 закони, 140 одлуки, 20 ратификации. Работиме или не. Не сум јас крив што вие пуштивте празна апликација за разрешување на луѓе за кои пред една година зборувавте дека оваа е Владата и со овие луѓе прогресот ќе дојде, рече меѓу другото Мицевски.

Седницата почна пред четири дена, а треба да се заокружи расправата по првата точка – предлогот за разрешување членови на Владата, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Тие се кадри на Алтернатива која ја напушти владината коалиција и ќе бидат заменети со министри од Алијанса за Албанците, новиот коалициски партнер во Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДРАМА ВО НАЈПОГОДЕНОТО ПОДРАЧЈЕ – министерот за здравство за малку ќе настрадаше, се грееше покрај огинот на улица, а потоа се случи ЕКСПЛОЗИЈА (ВИДЕО)

Следно

Мак-фудбалот ќе почне со едноминутен молк за жртвите во Турција и Сирија

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop