Зибери за „Студио 10“: Нашите апели се усвоија – системска контрола во работењето на финансиските друштва

1 min read

Почна примената на Правилникот за утврдување кредитен ризик, кој го донесе Министерството за финансии, со што се врши системска контрола во работењето на финансиските друштва што работат на територијата на РС Македонија. Тоа практично значи дека повеќе нема издавање брз кредит без физичко присуство на клиентот што го бара.

Барателот на кредит отсега мора лично да дојде во финансиското друштво за брзи кредити ако бара да не му бидат префрлени парите на сметка туку сака директно да бидат уплатени во продавницата од која сака нешто да купи.

Претставки од измамени граѓани стигнувале и до народниот правобранител, вели за „Студио 10“ Насер Зибери.

– Во делот на работењти на финансиските друштва минатта година бевме преплавени со претставки. Имаше многу случаи каде неколку кратно се зголемуваа обврските на граѓаните кон финансиските друштва во споредба со кредитот кој го имаа искористено. Имаше и многу подраматични ситуации каде на лице со попреченост му беше украден идентитет и е задолжено. Граѓаните беа ставени во крајна неповолна ситуација. Напите апели иако немаме директна надлежност, баравме да се пристапи кон измена на законот за финасиксите друштва. Побаравме да се лимитираат трошоците кои ги наплатуваат финансиките друштва. Да се лимитриа каматата која ја наплатуваат при доцнење на кредитот. Апелиравме на одредби кои ке го ограничуваат начинот на одобрување на апликантите за кредити и еден процес на едукација на вработените во финасиските друштва во контакт при работа со клиенти. Кога ке се органзиираат такви едукации, предавачи на таквите едукации ке бидат специјалисти кои имаат познавање на финасискиото работење, со акцент на елиминирање на евентуални злоупотреби, секако секој вработен ке има друг пристап. Не е само да се има интерес за приход туку и да им се помогне на апликантите. За срека законоавецот, собранието пристапи и го измени законот за финасиско работење и ги примени нашите препораки кои ги испративме. – вели Зибер

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Руска фрегата влезе во Средоземното Море преку Суецкиот Канал

Следно

Нетанјаху го откажал нападот на Иран по разговор со Бајден

Latest from Blog