Руска фрегата влезе во Средоземното Море преку Суецкиот Канал

1 min read

МОСКВА (АА) – Фрегатата на руската Пацифичка флота премина во Средоземното Море преку Суецкиот Канал, соопшти руското Министерство за одбрана, известува Анадолу.

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека фрегатата „Маршал Шапошњиков“ еден ден претходно се закотвила во египетското пристаниште во градот Сафага, каде што се снабдила со потребните материјали.

„Екипажот на бродот продолжува да ги исполнува зададените задачи во рамките на долгото поморско патување“, се наведува во соопштението, додавајќи дека фрегатата ќе дејствува „во согласност со одобрениот план на борбената обука на флотата“ додека е во Медитеранот.

Минатиот понеделник руското Министерство соопшти дека бродот го напушти пристаништето Масава во Еритреја, каде што пристигнал на 29 март.

Фрегатата учествуваше на Меѓународната изложба и конференцијата на поморската одбрана во Доха (ДИМДЕКС 2024), главниот град на Катар во март.

Бродот „Маршал Шапошњиков“, модернизиран разурнувач од класата Удалој (прекласифициран како фрегата), на руската морнарица првпат заплови во 1985 година. Бродот е во служба на руската Пацифичка флота.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Вучиќ: Формирање на владата на Србија за 10 до 15 денови

Следно

Зибери за „Студио 10“: Нашите апели се усвоија – системска контрола во работењето на финансиските друштва

Latest from Blog